Изложба: „Пикторијализам“ на Јана Луловска и Сашо Алушевски
На изложбата „Пикторијализам“, Јана Луловска и Сашо Алушевски презентираат триесетина фотографии. Следејќи ги начелата на пикторијализмот (историски уметничкофотографски стил во кој фотографот ја ‘манипулира’ фотографијата за да создаде уметничко дело) изложените дела се ‘меки’ и ‘тактилни’. Изработени во една од постарите и денес ретко употребувани техники, цијанотипија, заедничко за фотографиите на двајцата автори е основната желба нивните дела да ја разбудат имагинацијата на гледачот и да ја прикажат убавината на природата која човекот се повеќе ја занемарува. Емотивното, сугестивното и монохромниот третман на избраниот мотив се сеприсутни а со изложените дела, Луловска и Алушевски јасно ни покажуваат дека фотографскиот апарат и фотограмскиот колаж се исто толку моќни алатки колку што е и сликарската четкичка, а воедно и дека цијанотипијата и фотограмијата се уметнички техники што можат да ја инспирираат нашата фантазија.
(Извадок од текстот во каталогот)
Additional Details
Project Title -
Project -