Registrations have closed.
„Форми на повторно создавање“ Ирена Пејовиќ
by
476 476 people viewed this event.
Во четврток, 16 јуни, во 20:00 часот, во КСП Центар-Јадро во Скопје, ќе се отвори „Форми на повторно создавање“ на Ирена Пејовиќ. „Форми на повторно создавање“ е мултидисциплинарен настан кој наметнува перцептивни методи на организација при изработката на делото. Ја бара еластичноста во видеото како медиум и користи акции на повторување како повторени движења, повторени звуци, поделено пресликување, селективна поделба, селективно гледање и селективно слушање, за да го прошири разбирањето на субјектот од едно единствено тело во настан на формирање релации. Настанот ќе трае од 16 до 24 јуни, 2022 год.
Пејовиќ создава настани кои водат надвор од визуелниот аспект, кореографирајќи движења кои ја претвораат публиката во истражувач на еден свет кој е активен и во создавање, како збир на релациони односи, на начин на кој тие го немаат доживеано претходно. Во нејзините дела, публиката се движи со сензори, користејќи вид, звук, навигација, чувство на текстура, боја, големина, и е подвижна и неподвижна. Делата, просторот и гледачот земаат рамноправен дел во изработката на настаните. За нејзините дела, Бен Дејвис, национален критичар, за „Артнет њуз“ вели: Нејзиниот интерес за танцот и импровизираните движења се дестилира во средини кои на видик се ултраделикатни и робусни. Пејовиќ ја развива идејата за скулптура, не како фиксен збир од објекти, туку како релации кои секогаш се одвиваат – кои влијаат и се под влијание на начинот на кој гледачите се движат низ нивните параметри. Транспарентните материјали прикриваат суптилни движења и случајности кои доаѓаат во фокусот, за потоа да се распаднат во истрагата; На суптилен начин, од оваа средина се појавуваат тактилни и аудитивни компоненти кога таа е истражена, нагласувајќи ја концепцијата на уметноста како производ на холистичко искуство поголемо од кој било од неговите делови.
„Методи на организација:: Перцепцијата како начин на организација: Форми на повторно создавање“ е тековен проект кој ја истражува перцепцијата како метод на организација и ја смета како намерна импровизација низ селективно постоење. Перцепцијата станува изведувачки чин на повторување, во кој да се повтори, значи да се следи настанот во формирање. Овој пристап им дава на содржината и формата флуидност во нивното значење и начините на создавање. Активира реципрочна врска помеѓу активното и активирањето. Го менува нашето разбирање за секоја материја како единствен настан – наместо тоа, ни помага да го разбереме светот како настан на формирање релации.
Нештата секогаш се активни во нивната перцепција. Луѓето се селективни слушатели, селективни гледачи. Често поминуваме покрај голем дел од она што е веќе активно и онемуваме дел од нашите сетилни искуства. Нашата перцепција е предводена од нашите цели, знаење, свест, определби и ограничувања. Ваквите предиспозиции произнесуваат важни прашања во врска со перцепцијата и светот што го создаваме низ нашите импровизирани селективни процеси. На кој начин се селективното слушање, гледање и движење метод на организација? Какво доживување креираме со нашата перцепција? Како може да се направат неселективни средини во уметноста низ медиумите како што се видеото и фотографијата?
Форми на повторно создавање пристигнува како дел од оваа истрага. Формите на повторно создавање се форми без цел, создадени со намерна импровизација и селективно повторување. Овде перцепцијата се дефинира токму како тоа: форма на повторно создавање.
Биографија
Ирена Пејовиќ, род. 1981 год., Гевгелија, Република Северна Македонија, е мултидисциплинарен уметник. Дипломира и магистрира Ликовна уметност на Државниот универзитет „Монтклер“ во Њу Џерси. Пејовиќ создава настани кои водат надвор од визуелниот аспект, кореографирајќи движења кои ја претвораат публиката во истражувач на еден свет кој е активен и во создавање, како збир на релациони односи, на начин на кој тие го немаат доживеано претходно. За нејзините дела, Бен Дејвис, национален критичар, за „Артнет њуз“ вели: Нејзиниот интерес за танцот и импровизираните движења се дестилира во средини кои на видик се ултраделикатни и робусни. Пејовиќ ја развива идејата за скулптура не како фиксен збир од објекти, туку како релации кои секогаш се одвиваат – кои влијаат и се под влијание на начинот на кој гледачите се движат низ нивните параметри. Транспарентните материјали прикриваат суптилни движења и случајности кои доаѓаат во фокусот, за потоа да се распаднат во истрагата; На суптилен начин, од оваа средина се појавуваат тактилни и аудитивни компоненти кога таа е истражена, нагласувајќи ја концепцијата на уметноста како производ на холистичко искуство поголемо од кој било од неговите делови.
Ирена Пејовиќ, род. 1981 год., Гевгелија, Република Северна Македонија, е мултидисциплинарен уметник. Дипломира и магистрира Ликовна уметност на Државниот универзитет „Монтклер“ во Њу Џерси. Пејовиќ создава настани кои водат надвор од визуелниот аспект, кореографирајќи движења кои ја претвораат публиката во истражувач на еден свет кој е активен и во создавање, како збир на релациони односи, на начин на кој тие го немаат доживеано претходно. За нејзините дела, Бен Дејвис, национален критичар, за „Артнет њуз“ вели: Нејзиниот интерес за танцот и импровизираните движења се дестилира во средини кои на видик се ултраделикатни и робусни. Пејовиќ ја развива идејата за скулптура не како фиксен збир од објекти, туку како релации кои секогаш се одвиваат – кои влијаат и се под влијание на начинот на кој гледачите се движат низ нивните параметри. Транспарентните материјали прикриваат суптилни движења и случајности кои доаѓаат во фокусот, за потоа да се распаднат во истрагата; На суптилен начин, од оваа средина се појавуваат тактилни и аудитивни компоненти кога таа е истражена, нагласувајќи ја концепцијата на уметноста како производ на холистичко искуство поголемо од кој било од неговите делови.
Селектирани самостојни изложби има одржано во: Музејот на современа уметност, Скопје; Галеријата „Ненси Дрифос“ на Универзитетот „Кин“ во Њу Џерси; Галеријата „Карас“, Загреб, Хрватска; Галеријата „Аферо“, Неварк, Њу Џерси; Галеријата МЦ во Њујорк. Од групните изложби можат да се спомнат: 2021., Hindsight, Marginal Art Project, Лејк Чарлс, Луизијана; 2020., Pandemic Projections, Wavelength, Њу Џерси; 2018., Патем 2017., Факултет за ликовни уметности, Скопје; 2017., Self-Portraits, Fundacion ´ace, Буенос Аирес, Аргентина; 2016., Transart Triennale, Манила, Филипини и Берлин, Германија, Filmideo, Index Art Center и Newark Museum, Неварк, Њу Џерси; 2015., Forms of Repetition, Glasshouse Artlifelab, Бруклин, Њујорк; dirt-e, куратор Бен Дејвис, Central Booking, Њујорк; 2013., Stars in My Pocket like Grains of Sand, куратор Џејсон Кеелинг, Lower East Side Printshop, Њујорк.
Во 2016 година Пејовиќ беше дел од перформансот SWIM на американскиот уметник Роберт Витман, презентиран во Галеријата „Фридман“ во Њујорк, а реализиран во соработка со Фондацијата „Диа“ и со Џули Мартин, директор на „Експерименти во уметноста и технологијата“; Истиот перформанс, на кој Пејовиќ, исто така, учествуваше, првпат беше изведен една година претходно, во 2015., во Театарот „Александар Касер“ во Монтклер.
Пејовиќ е добитник на неколку значајни награди за својата уметност: 2021 год.: Државната награда за помош на индивидуални уметници од Советот за уметности на Њу Џерси; 2020 год.: 2020 Artist Relief Fund Grant, иницијатива организирана од Academy of American Poets, Artadia, Creative Capital, Foundation for Contemporary Arts, MAP Fund, National YoungArts Foundation и United States Artists; 2018 год.: Државната награда за индивидуални уметници од Советот за уметности на Њу Џерси; 2014 год.: Наградата од Обединетата македонска дијаспора: Џон Битов Македонско културно наследство; 2013 год.: Step Beyond Travel Grant од Европската културна фондација. Вонреден професор е на Државниот универзитет „Монтклер“ и на Универзитетот „Кин“ во Њу Џерси, САД.
Additional Details
Project Title -
Project -