Skip to main content

Отворен конкурс за реализација на уметнички проекти во рамките на Места на дарежливост -трансформативни станици

Registrations have closed.
Отворен конкурс за реализација на уметнички проекти во рамките на Места на дарежливост -трансформативни станици

Отворен конкурс за реализација на уметнички проекти во рамките на Места на дарежливост -трансформативни станици

by
607 607 people viewed this event.
Отворен конкурс за реализација на уметнички проекти
Во рамките на Места на дарежливост -трансформативни станици (социјално ангажирани уметнички пракси како алатка за општествени промени.
Уметноста има сѐ поголема улога при воведувањето на политичките и социјалните прашања во јавната сфера. Уметноста со своите средства и можности ја развива стратегијата за свесна етичка политика во уметничката продукција. Денес ова може да се дефинира со создавање на заедништво преку заедничко авторство и со еманципациски потенцијал на колективните методи, како основа за уметничкото творештво – нешто што ги надминува различните нивоа на класа, пол, образование, професии, социјална и политичка наобразба и животно искуство. Нешто што нѐ истиснува од зоната на удобност. Без оглед на гео-политичкиот аспект, знакот на уметничката ориентација кон општественото односно политичкото е некаков заеднички склоп на желби, за да се одврзе традиционалната врска помеѓу уметничкиот предмет, уметникот и публиката.
Во контекст на партиципативната уметност, уметникот се оддалечува од идејата на индивидуален продуцент и повеќе се придвижува кон идејата на некој кој создава услови за реализација на уметничко дело. Ова може да се дефинира како еден вид на социјален преврат, кој во својот есеј „Социјален пресврт: Соработка и нејзините задоволства“ крајно прецизно го дефинира историчарката на уметност Клер Бишоп. „Уметноста, која може да се разбере во контекст на идејата за општествен пресврт, обично се случува надвор од музеите односно галериите. Овие проекти обично се во соработка односно се партиципативни и се насочени кон конструктивни општествени промени. “
Земајќи го предвид фактот дека уметниците во нашата земја работат и делуваат во затворени кругови на реципиенти на нивната продукција и тоа дека тие низ своите проекти не делуваат доволно во насока на развивање на уметнички содржини што би имале поголем социјален импакт во општеството, преку проектот Места на дарежливост -трансформативни станици (социјално ангажирани уметнички пракси како алатка за општествени промени) би сакале да создадеме простор за поттикнување на креативните потенцијали кај уметниците и другите целни групи користејќи нови методологии, тактики и вештини кои се поврзани со социјално ангажираната уметност со цел да се овозможи успешно активно делување и проактивност на заедницата во насока на отварање и решавање на проблеми и прашања на микро ниво.
Проектот Места на дарежливост -трансформативни станици (социјално ангажирани уметнички пракси како алатка за општествени промени) ќе им овозможи на уметниците (поединци, уметнички колективи, формални и неформални групи и организации од областа на културата), активистите и активните граѓани од РС. Македонија да се обединат и да приложат свои проекти кои се занимаваат со темите и проблемите во областа на:
● животната средина
● аниткорупцијата
● човековите права
● дискриминацијата
● социјалната правда
Преку овој повик сакаме да го стимулираме напуштањето на класичните формати на продукција и презентација на уметнички проекти што подразбира активна работа со креативци од повеќе уметнички дисциплини, партиципативност, активно учество на граѓаните и публиката.
Исто така сакаме да развиеме комуникација за проблемите со публиката и пошироката јавност преку уметничките проекти во насока на подигнувањето на свеста за проблемите; мобилизација на уметничката сцена која во соработка со активното граѓанството ќе создаде партнерства и ќе воспостави органски врски со групите засегнати од проблематиките што проектите ги таргетираат; охрабрување на разни целни групи во иднина сами да се борат за каузите во кои веруваат и делуваат, како и да се поттикнат и да започнат да размислуваат како самоиницијативно можат да го подобрат квалитетот на животот во нивните заедници.
Пошироката јавност преку овие проекти ќе се запознае повеќе не само со социјално ангажираната пракса туку и со потенцијалите на овој вид на уметничка пракса да направи промени во заедницата и да делува во подигање на свеста за темите и проблемите во областа на:
● животната средина
● аниткорупцијата
● човековите права
● дискриминацијата
● социјалната правда
Сите апликанти треба да приложат:
– Опис на проектот ( 2 страници во Word формат)
– Портфолио на авторот(ите) во PDF формат ( до 10 MB)
– CV на авторот(ите) ( до 2 страници по автор во Word формат)
– Буџет на предлог-проектот (во максимален износ од 5.000 УСД)
и да ги испратат своите апликации на адресата [email protected]
NOTA BENE: Предложените проекти треба да го содржат елементот на јавност и видливост и во таа смисла да предвидуваат завршен јавен настан и/или серија од јавни настани во текот на имплементацијата.
Отворен конкурс за аплицирање трае од 02.04.2022 до 30.04.2022 година и право на учество имаат државјани на Р.С.Македонија.
За повеќе информации околу конкурсот сите заинтересирани можат да не контактираат на адресата [email protected]
Стручната комисија ќе селектира четири проекти, за чија реализација Центар-Јадро го обезбедува буџетот. Максималниот проектиран буџет на проектите треба да изнесува до 5.000 долари (бруто) по проект.
Селектираните проекти ќе се реализираат во периодот мај- ноември 2022 година.
Проектот „Места на дарежливост – трансформативни станици“ се реализира со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2022-04-02 @ 12:00 to
2022-04-30 @ 23:30
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends