Skip to main content

„Активистичка литература“ – предавање на писателот Игор Штикс

Registrations have closed.
„Активистичка литература“ – предавање на писателот Игор Штикс

„Активистичка литература“ – предавање на писателот Игор Штикс

by
506 506 people viewed this event.
Хрватскиот писател и теоретичар Игор Штикс,  ќе одржи предавање на темата „Активистичка литература“,  а авторот ќе  зборува за комплицираниот, комплексен и ризичен однос помеѓу уметникот и општествениот и политички ангажман, тргнувајќи пред сè од сопственото искуство.

Штикс гостува во Скопје како дел од фестивалот за европска литература „Букстар“, а неговото предавање е во рамки на фестивалската програма.

Предавањето ќе се одржи на 5 октомври, среда во просториите на КСП Центар Јадро.

Со почеток во 16 часот, настанот ќе биде модериран од Ѓорѓи Пулевски, а предавањето ќе се одвива на хрватски и англиски јазик.

„На самиот почеток од романот „W“ на Игор Штикс, читателот ќе најде цитат од Жан-Пол Сартр: „Може ли комунист да напише роман? Не сум убеден во тоа: имено, тој нема право да стане соучесник на – своите ликови“, истакнуваат организаторите.

Игор Штикс е роден во Сараево, во 1977 година. Живеел во Загреб, Париз, Чикаго, Единбург и во Белград. Докторирал на Institut d’Études Politiques de Paris и на Northwestern University, а подоцна работел и предавал во Универзитетот во Единбург, на универзитетите во Грац, Љубљана, Сараево, како и на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград.

Заедно со Џо Шоу ги уредиле збирките „Citizenship after Yugoslavia“ (2013) и „Citizenship Rights“ (2013), а со Среќко Хорват, „Welcome to the Desert of Post-Socialism: Radical Politics after Yugoslavia“ (2015).

Со Владимир Арсенијевиќ ја уредува едицијата „Заедничка читална“. Во Југословенското драмско позориште, претставата „Столот на Елијах“, во режија на Борис Лијешевиќ, освоила Гран при на БИТЕФ во 2011 година. Со својата прва драма „Брашно во вените“ (2016), освои неколку регионални награди за најдобар текст, додека неговата драма „Зрењанин“ е изведена премиерно во Народниот театар во Зрењанин.

Пишува проза, книжевна критика и есеи, за кои ги има добиено највисоките признанија. Неговите дела се преведени на 15 јазици. За своите книжевни и интелектуални достигнувања доделено му е престижното француско одликување „Витез на уметноста и книжевноста“. Во 2017 година Штикс ја потпишал петицијата за заеднички јазик меѓу Хрватите, Србите, Босанците и Црногорците.

Настанот е реализиран во соработка со Aнтолог, а со поддршка на книжевната мрежа Традуки, Министерство за култура и Градот Скопје.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2022-10-05 @ 16:00 to
2022-10-05 @ 19:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends