Skip to main content

„Земја“ – самостојна изложба на Бојана Артиновска Трпческа во „Јадро“

Registrations have closed.
„Земја“ – самостојна изложба на Бојана Артиновска Трпческа во „Јадро“

„Земја“ – самостојна изложба на Бојана Артиновска Трпческа во „Јадро“

by
596 596 people viewed this event.
Со поетски перформанс на авторите Тихомир Јанчовски, Елена Пренџова, Марија Г. Вардарска и Горазд Китановски, денес, на 4 октомври, ќе се отвори „Земја“ – самостојната изложба на уметницата Бојана Артиновска Трпческа.

Изложбата ќе се одржи во КСП Центар – Јадро, со почеток во 20 часот, a историчарката на уметност Викторија Димеска вели дека Артиновска Трпческа созава сопствена естетска поетика, преку градење на автентичен и суптилен ликовен јазик.

„Трпческа интуитивно и јасно ја согледува важноста и моќноста на карактеристиките на женскиот принцип и притоа, суптилно ја толкува и изразува преку тонски богатата палета на бои и нивната суптилна транзиција. Неуморната борба против вечната објективизација на жената и женското тело ја изразува преку алегориски ликовен јазик. Во сопственото творештво таа ја воспоставува космичката рамнотежа во архетипскиот танц меѓу машкиот и женскиот принцип“,

Бојана Артиновска Трпческа е родена во Велес 1977 година, каде завршува основно и средно образование. Факултет за ликовна уметност при Универзитетот Кирил и Методиј Скопје завршува во класата на проф. Родољуб Анастасов на отсек сликарство и сценографија. Дипломска работа изложи во Сули ан под наслов „Архитектура на времето“

Од 2000 до 2003 година живее и работи како слободен уметник во САД. Во 2008 година во Музејот на НОБ во Крушево ја реализирала својата прва самостојна изложба на манифестацијата „10 Дена крушевска Република“ под наслов: – Во МЕНЕ.

Својата втора самостојна изложба ја реализирала во 2011 год.во ликовната галерија во Прилеп. Насловена ,,Гозба” изложбата е своедвидно ретроспективно видување на нејзината дотогашна работа. Tретата самостојна изложба ја реализрала во 2020 год.во Ниш, Република Србија.насловена е „Трепет“. Следува „Позадини“ изложба која е реализирана како интерактивен проект 2021г. во Прилеп.

2022 година го реализира проектот „Земја“, мултимедијален перформанс,каде беа вклучени литератуни творци , кои читаа свои дела на истата тема во Прилеп и во месец октомври во Скопје

Од 2005 година е член е на Друштвото за Ликовни Уметници Битола, а од 2010 година е член на Друштвото на Ликовни Уметници Прилеп, со кое има остварено повеќе групни изложби, хуманитарни акции и перформанси.Од 2021 е член на ДЛУМ.

Живее и работи како самостоен уметник во Прилеп. Во повеќе прилики соработувала како надворешен соработник со НУЦК Марко Цепенков и Театарска Работилница за изработка на kостими, сценографија ,шминка и рекламен материјал .

Напоредно со сликарството и сценската уметност истражува и во полето на фотографијата.

Additional Details

Project Title -

Project -