Skip to main content

Отворен повик за реализација на фото –видео есеи во рамки на регионалната кампања за заштита на реките: Save the blue heart of Europe

Registrations have closed.

Отворен повик за реализација на фото –видео есеи во рамки на регионалната кампања за заштита на реките: Save the blue heart of Europe

by
591 591 people viewed this event.
👉 Отворен повик за реализација на фото –видео есеи во рамки на регионалната кампања за заштита на реките Save the blue heart of Europe.
📢📢📢 КСП Центар Јадро и Еко Свет распишипуваат конкурс за реализација на фото –видео есеи во рамки на регионалната кампања за заштита на реките Save the blue heart of Europe.
Период на пријавување (20.09-5.10. 2022г)
Реките се крвотокот на природата. Го оформуваат релјефот, го хранат биодиверзитетот, ја прочистуваат водата што ја пиеме и ја збогатуваат почвата. Реките жуборат со живот, реките значат живот. До пред 15тина години, чистите реки во земјава беа меѓу последните недопрени во Европа. Но, река, по река, нив ги окупираа малите хидроцентрали…
Во моментов, на дивите и недопрени реки низ земјава се изградени 98 мали хидроцентрали, a се планира изградба на уште најмалку 50 нови! Поголем дел од нив се градат во некои од најатрактивните речни долини во строго заштитени и значајни подрачја како што се: Баба Планина, Шар Планина, Караџица, Бистра, Даутица, Кожуф и многу други. Малите хидроцентрали се градат зад очите на јавноста, без јавни консултации и без соодветна студија за оцена на влијанието врз животната средина.
Изградбата на малите хидроцентрали остава непоправливи последици по животната средина и природата, до степен кој го загрозува опстанокот на водните екосистеми и на заштитените и ендемски животински и растителни видови.
Фотографии од теренските посети може да погледнат на следниот линк:
\\192.168.88.100\home\EKO-SVEST\! TEREN\3. Markova Reka\post
📌 Заинтересираните уметници кои ќе земат учество во проектот треба преку употреба на фотографија и видео да дадат визуелен приказ на штетите врз природата кои ги предизвикува изградбата на малите хидроцентрали – изградба на бариери кои го фрагментираат речното корито, оневозможување на слободното движење и миграција на рибите и останатите акватични видови, канализирање на водата во цевки и оставање суви речните корита, менување на геоморфологија на теренот, сечење на шумите заради изградба на пристапни патишта и фрагментирање на шумските живеалишта, ерозија на теренот, загадување на водните текови заради акумулирање на седименти во речните корита и многу други штети врз природата, реките и екосистемите.
📌 За реализација на проектот најнапред ќе бидат организирана работна инфо сесија на која на учесниците ќе им бидат претставени сите факти, а ќе бидат споделени и сите неопходни информации, по што ќе бидат организирани три теренски посети на локации во заштитени подрачја каде има изградени мали хидроцентрали, со цел фотографирање, снимање и прибирање на визуелни материјали.
📌 По завршетокот на конкурсот ќе бидат селекирани тројца автори кои ќе ги реализираат своите фото-видео есеи во периодот октомври-ноември 2022г. кој подоцна во декември 2022г. ќе бидат прикажани на изложба во КСП Центар Јадро . Паралелно со иложбата ќе биде организирана и мобилна изложба во јавниот превоз на Град Скопје која ќе има намера да ги информира граѓаните и да го подигне степенот на свесност за проблемите кои ги предизивикува изградбата на малите хидтроцентрали во земјава.
📌 За секој од селектираните автори следува хонорар од 30.000 денари.
👉 Сите заинтересирани автороти треба да приложат краток концепт (не повеќе од една страна), кратка биографија и портфолио во PDF документ со максимална големина од 5 MB а во случај на видеа линк преку платформата wetransfer на мејл адресата [email protected], најдоцна до 5 октомври 2022г. со назнака „Конкурс за изработка на фото-видео есеј “.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

1970-01-01 to
2022-10-05
 

Location

Online event
 

Event Category

Share With Friends