Skip to main content

НАЦИОНАЛНИТЕ ФИНАНСОВИ ПОЛИТИКИ ВО КУЛТУРАТА: Јавна расправа и промоција на публикација

Registrations have closed.

НАЦИОНАЛНИТЕ ФИНАНСОВИ ПОЛИТИКИ ВО КУЛТУРАТА: Јавна расправа и промоција на публикација

by
382 382 people viewed this event.
Јадро – Асоцијација на независна културна сцена, Ве поканува на јавна расправа по повод промоција на документот за јавни политики „Националните финансиски политики во културата “ во авторство на еконмскиот истражувач Бранимир Јовановиќ.
Промоцијата ќе се одржи на 10 февруари (петок), со почеток во 12 часот во просториите на КСП „Центар Јадро“ (ул. Алберт Ајнштајн, бр. 1 – поранешната месна заедница Дане Крапчев во Дебар Маало).
Во разговор со Јовановиќ, на промоцијата ќе земe збор и културниот работник и активист Теодор Целакоски (Хрватска).
Дискусијата ќе ја модерира културната работничка и историчарка на уметност Тијана Ана Спасовска.
Јадро – Асоцијација на независната културна сцена, како актер кој веќе 10 години будно следи и се застапува за подобрување на условите на независната културна сцена, го издаде овој документ за јавни политики со кој се анализира државното финансирање во културата со цел појасно застапување за достоинствени средства за вложување во одржувањето на независната културна сцена. Првиот дел од документот е посветен на анализа на државните буџети за култура, додека вториот се фокусира на годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2021 и 2022 година.
Публикацијата посочува во кои аспекти од финансирањето државата потфрла и кои се следните чекори што треба да се преземат за надминување на критичната состојба во независниот културен сектор, кој се наоѓа во трајно прекарна состојба.
Вашето присуство ни е од огромно значење, за заеднички ги продискутираме заклучоците и препораките од студијата.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2023-02-10 @ 12:00 to
2023-02-10 @ 14:00
 

Location

Share With Friends