Registrations have closed.
ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ за Сирија и Турција
by
209 209 people viewed this event.
Драги наши, ве покануваме оваа сабота (11.03.2023), со почеток од 12ч., во КСП Центар Јадро на ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ за погодените семејства од катастрофалните земјотреси во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе во Турција и Сирија.
КСП Центар-Јадро, како и сите останати граѓани на РСМ, со големо жалење ја прими ова траорна вест. Нашата установа која е плод на колективна грижа и солидарност, чувствува обврска да даде поддршка на тие што се најпогодени од оваа природна катастрофа. Во ова тешко време, веруваме дека секој придонес во било каква форма е од огромно значење за двете земји.
Им изразуваме огромна благодарност на музичарите што несебично ја поддржаа оваа иницијатива.
Настапуваат:
- Хана Корнети-укулеле
- Музички проект Фортуна: Марија Каева – вокална солистка,
музичарка и текстописец, Владан Дробицки – трамбонист,
Дино Милосављевиќ – тапани - Трио: Драган Теодосиев – тапани, Филип Букуршлиев –
електрическа гитара, Јордан Костов – хармоника
Ве очекуваме за заеднички да ја дадеме својата поддршка за погодените од земјотресот во Турција и Сирија со давање придонес во кутијата за донации што ќе биде поставена на влезот. Минималната препорачана донација за концертот изнесува 200 денари, кои посетителите ќе можат да ги оставаат во кутиите за донации што ќе бидат поставени од Црвениот крст на Град Скопје за време на настанот во Центар-Јадро.
Сите се добредојдени да присуствуваат, да се солидаризираат и да ја поддржат оваа важна кауза.
Ви благодариме однапред за вашата дарежливост и емпатија!
Additional Details
Project Title -
Project -