Партиципативна забава“ Завршен настан на работилница за партиципативна уметничка пракса под менторство на Кристина Божурска
„Партиципативна забава“ e завршен настан/ хепенинг на работилница за партиципативна уметничка пракса која се реализира во рамки на проектот Arts Hub текот на месец мај под менторство на визуелната уметница Кристина Божурска.
Улогата на уметноста при воведување на политичките и социјалните прашања во јавната сфера е сѐ поголема. Денес, уметничките практики се служат со широк спектар на средства, елементи и стратегии кои промовираат зголемена критичката свест и позитивна социјална трансформација. Функцијата на самата уметност во општествениот контекст е да понуди излез од зоната на удобност. Преку оваа работилница наша цел е да се поттикне уметничкото творештво кое излегува од традиционалната рамка на дејствување и зема активно учество во креирањето на конструктивни општествени промени.
Additional Details
Project Title -
Project -