
ИГРА СО КУКЛА ПРЕД КАМЕРА – Работилница на Арон Хернандез Фарфан за игра со кукла пред камера
Кратко предавање/работилница на Арон Хернандез Фарфан за основните техники на игра со кукла пред камера кои можете да ги примените за игра на филм, телевизија и дигитални медиуми.
СОДРЖИНА:
- куклена поза
- фокусирање на камера
- липсинг
- претставување на основните емоции
- мониторинг и скрипта
- вокална карактеризација
- куклена интеракциа
- импровизација
- прашања и одговори
*Ограничено на 20 учесници.
*Работилницата ќе се одржи на англиски јазик
Пријавување на: [email protected]
Арон Хернандез Фарфан е роден во Мексико Сити на 17 септември 1974 година. Студирал глума на „Núcleo de Estudios TeatralesЌ (1992-1994) и историја на Националниот автономен универзитет во Мексико (2005-2009). Како актер играл во повеќе театарски продукции: „Сон на летната ноќ“на Вилијам Шекспир, „Delacalle“, „1822 година, годината кога бевме Империја“ и „Лир“ меѓу другите. Како режисер се издвојуваат неговите продукции: „Осамениот запад” од Мартин Мекдон, „Ластмар“ од Карлос Валенсија, „Месечината“ од Хаиме Шабо, „Замрзнато“ од Браони Лејвери, „Парчиња од Апокалипсата“ од Мартин Лопез Бри, „За Алисија“ од Барбара Колио, „Гурмански убиства“од Едгар Алварез Естрада и „Твојот сигурен слуга, Орсон Велс“ од Ричард Франс. Како куклар, тој има работено со компанијата „Marionetas de la Esquina” и се специјализирал за телевизиско кукларство и е дел од кастот во мексиканските телевизиски куклени шоуа „Hechos de peluche”, „Cero cero”, „Los peluches” и „Once Niñas y Niños”.
Additional Details
Project Title -
Project -