Skip to main content

Импровизации | Самостојна изложба на Глигор Кондовски

Registrations have closed.
Импровизации | Самостојна изложба на Глигор Кондовски

Импровизации | Самостојна изложба на Глигор Кондовски

by
747 747 people viewed this event.

На отворањето на изложбата настапува џез трио: Глигор Кондовски – виолина, Владан Дробицки – тромбон, Дени Омерагиќ – контрабас. Изложбата ќе ја отвори Мирко Попов.

Во својот најнов фотографски опус, реномираниот режисер и фотограф Глигор Кондовски приоѓа апстрактно. Изнаоѓајки визуелни решенија надвор од границите на дотогашните индивидуални и глобални фотографски тенденции, тој ги поместува своите внатрешни граници и ја ослободува вештата рака. Во таа целосна слобода и предаденост во самиот чин на фотографирање, флуидноста на уметничкиот момент го носи во најсовремен фотографски израз. Фотографијата не е повеќе фотографија, таа е цртеж и слика. Преодот на ова високо фотографско ниво е свесно обмислен, а не просто-интуитивен, иако неговиот фотографски инстинкт никогаш не може да го излаже. Овој фотографски експресионизам, го надминува и Пикасо во своите првични обиди да долови цртеж со светлопис. 

Богатството на линии прави овој фотографски циклус да биде раскошен и целосен во своите димензии, анулирајќи ја бојата до мека–црна ахроматија, со цел да се избегне строгоста на греј-скејл гамата. Фигурите се течни слики, се прелеваат во тродимензионален бескрај. Атмосферата е сомнабулозна, а уметничкото искуство – гранично. Реалноста се слева во фантазијата и обратно. 

Налик на остварен сон, овие дела комуницираат со навидум замислени ликови, а нивните суптилни фигури, мајсторски доловени по пат на долгата експозиција која Глигор ја користи во своите најнедостижни размери и најширок опсег – се во постојано движење, а поставени во една визуелна експлозија од форми и линии, доловуваат ниво на класична графика.

Во овој фотографски момент, Глигор ја поставува фотографијата на ниво на класичната визуелна техника. Медиумот е граница, но ликовниот израз е високата визуелна точка на вкрстување на сите технички патувања. Слободниот дух и слободната рака во овој случај го одвеле уметникот на најнеочекуваните фотографски надминувања, додека слободата како апсолут во сите сфери од животот ја носи и како ангажирана идеја овојј современ уметник. Овие фотографии поставуваат прашања: што е слобода, ги преиспитува границите на слободата, односот на современиот човек кон слободата, како и тоа што е внатрешна ,а што надворешна слобода?

 

М-р Билјана Билбилоска, ликовен уметник

***

М-р Глигор Кондовски (1980) дипломира на Факултетот за музичка уметност, вокално- интрументален оддел, отсек виолина. Дипломира на вториот Факултет за драмски умености при Тетовскиот универзитет, филмска и ТВ режија. Магистрира на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Филмско и ТВ сценарио. Моментално е вработен како наставник по виолина во ДМУ “Тодор Скаловски – Тетоец” во Тетово. 

Во 2008 година негова композиција “Green dance” е во компилационо цд под наслов “Imamo dobro glasbo” издадено преку радио Вал202 при РТВ Словенија. Во 2014 година учествува со експериментален филм “Рестарт” на Микорарт фестивал во Белград, Србија. Во 2016 на Festival u Slavonski brod, Croatia. Во 2016 на Indipendent European Cinema, во Нови Сад, Р. Србија. Во 2017 на Студентски филмски фестивал “New wave” Софија, Р. Бугарија. Во 2019 со филмот “Попладневни малини” учествува на државен филмски фестивал во Крушево, на Вива фестивал во Сараево, Босна и Херцеговина и на “Inshort fest” во Нигерија. Прва самостојна изложба на фотографии насловена како “Обични профили” ја прави во Смедеревска паланка, Р. Србија, во 2018 година како и дел на мои фотографии учествуваа на: Изложба на фотографии во Музеј на Современа уметност и ЕУ Инфо Центар во склоп на проект “Денови на разноликоста”, 2017. Самостојна изложба под наслов на фотографии: “Тетовски Џез моменти”, 2019 со поддршка на Министерство за култура. Самостојна изложба на фотографии под наслов: “На сцена”, 2020 со поддршка на Министерство за култура. Самостојна изложба на фотографии под наслов: “Сфера” со поддршка на Министерство за култура, 2021 година. Во 2020 го издава музичкиот албум: “here” под македонскиот лејбел “Шарла”, после тоа за истиот лејбел ги издава албумите: “Беседа” за соло виолина импровизација и “hover”, 2021 година. После тоа за ПМГ ЏЕЗ го издава албумот: “Nightscape”, во 2021 заедно со џез тромбонистот Владан Дробицки, и во 2022 година за истата дискографска куќа го издава албумот: “Разгледи” заедно со Марија Каева – вокал, Владан Дробицки – Тромбон. Со композицијата “Once upon a train” учествува на една компилација наречена “Клавирско небо” во Р. Србија, 2021 година. Во 2022 го издава соло албумот: “Encounter”, за издавачката куќа – ПМГ ЏЕЗ. Неколку промотивни настапи на албумот: “Крај Вардарот Сесии” во Аудиокултура. Настап на Џез фестивалот: “Крај Вардарот Џез”, 2023 и настап на: “Скопско лето”, 2023 година. Настап и на: “Џез во градот”, во организација на ПМГ ЏЕЗ. Промотивен настап на проект-џез трио во КИЦ, Скопје (Салон 19,19), со самостоен концерт: Глигор Кондовски – виолина, Владан Дробицки – тромбон и Дени Омерагиќ – Контрабас. Со истото трио издадени се два музички албума во слободен импровизациски стил на џез: “Away”, 2021 “Outcasts”, 2022. Со документарниот филм: “Сонцето не грее на сите страни”, премиерна проекција на Атерфест во Струмица, во 2023 година. Филмот е во соработка со: “Al Jazeera Balkan”, под “Revolution Production”.


At the opening of the exhibition, a jazz trio will perform: Gligor Kondovski – violin, Vladan Drobicki – trombone, Deni Omeragik – double bass. The exhibition will be opened by Mirko Popov.
“In this photographic moment, Gligor places photography at the level of the classical visual techniques. The medium is the limit, but the artistic expression is the high visual crossing point of all technical journeys. The free spirit and the free hand in this case led the artist to the most unexpected photographic breakthroughs, while freedom as an absolute in all spheres of life is carried by this contemporary artist as an engaged idea. These photos ask questions: what is freedom, questioning the limits of freedom, the attitude of modern man towards freedom, as well as what is internal and what is external freedom?”
Biljana Bilbiloska, MA, visual artist
***
Gligor Kondovski, MA (1980) graduated from the Faculty of Music, vocal-instrumental department, violin department. As a second degree, he graduated from the Faculty of Dramatic Arts at the University of Tetovo, film and TV directing. He holds a Master’s degree from the Faculty of Dramatic Arts in Skopje, Film and TV script. He is currently employed as a violin teacher at DMU “Todor Skalovski – Tetoec” in Tetovo. In 2008, his composition “Green dance” was included in a compilation under the title “Imamo dobro glasbo” released by radio Val202 at RTV Slovenia. In 2014, he participated in the experimental film “Restart” at the Mikorart festival in Belgrade, Serbia. In 2016 at Festival u Slavonski brod, Croatia. In 2016 at Independent European Cinema, in Novi Sad, R. Serbia. In 2017 at the Student Film Festival “New wave” Sofia, R. Bulgaria. In 2019, with the film “Afternoon Raspberries”, he participated in the state film festival in Krushevo, the Viva festival in Sarajevo, Bosnia and Herzegovina, and the “Inshort fest” in Nigeria. His first solo exhibition of photographs titled “Ordinary Profiles” was held in Smederevska Palanka, R. Serbia, in 2018, as well as some of my photographs, participated in: Exhibition of photographs at the Museum of Contemporary Art and the EU Info Center as part of the “Days of Diversity” project, 2017. Independent exhibition under the title of photographs: “Tetovo Jazz Moments”, 2019 with the support of the Ministry of Culture. Independent photo exhibition under the title: “On Stage”, 2020 with the support of the Ministry of Culture. Independent photo exhibition under the title: “Sphere” with the support of the Ministry of Culture, 2021. In 2020, he released the music album: “here” under the Macedonian label “Sharla”, and after that for the same label he released the albums: “Beseda” for solo violin improvisation and “hover”, 2021. For PMG JAZZ, he released the album: “Nightscape”, in 2021 together with jazz trombonist Vladan Drobitsky, and in 2022 for the same record label he released the album: “Razgledi” together with Marija Kaeva – vocals, Vladan Drobitsky – Trombone. With the composition “Once upon a train” he participates in a compilation called “Piano Sky” in R. Serbia, 2021. In 2022, he released the solo album: “Encounter”, for PMG JAZZ. Several promotional performances of the album: “Kraj Vardarot Sessions” in Audiokultura. Performance at the Jazz Festival: “Kraj Vardarot Jazz”, 2023 and performance at: “Skopsko Leto”, 2023.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2023-11-02 @ 20:00 to
2023-11-04 @ 22:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends