Skip to main content

Помеѓу две страници нежно | Работилница за пишување и читање љубовни писма со Дарко Алексовски

Registrations have closed.
Помеѓу две страници нежно | Работилница за пишување и читање љубовни писма со Дарко Алексовски

Помеѓу две страници нежно | Работилница за пишување и читање љубовни писма со Дарко Алексовски

by
747 747 people viewed this event.

Помеѓу две страници нежно
Работилница за пишување и читање љубовни писма со Дарко Алексовски
6 феврури (среда) | 16.00-19.00 часот

„Помеѓу две страници нежно“ е партиципативна уметничка работилница за пишување и читање љубовни писма. Работилницата е замислена како експериментално продолжување на серијата „Љубовни писма на осаменоста“, и е поделена во два дела. Првиот дел е сесија за пишување писма кои учесниците можат да ги посветат на конкретни личности, места кои ги сакаат, или, пак, себеси. Вториот дел е сесија за читање и снимање на писмата во аудио формат.
Работилницата за пишување и читање љубовни писма е развиена од Дарко Алексовски како продолжение на неговото учество во програмата Soundgate на Лумпен Стејшн Радио (Швајцарија). Во делото инспирирано од неговите „Љубовни писма до осаменоста“, актерката Делфин Аиртон чита три од серијата љубовни писма, со глас кој лебди низ различни звучни пејзажи и лајтмотиви. Снимката од ова дело можете да ја слушнете на следниот линк: https://lumpenstation.art/archive/show/soundgatesoundworksda.

Резултатот од оваа работилница ќе биде аудио снимка компонирана од сите прочитани писма, која ќе биде објавена и претставена преку Лумпен Стејшн Радио. Потсетување до сите заинтересирани за пријавување дека работилницата вклучува читачка сесија која ќе се снима.
Бројот на учесници во работилницата е ограничен, а крајниот рок за пријавување е 2 февруари (петок). Сите пријавени учесници ќе бидат известени за изборот по крајниот рок за пријавување. Работилницата ќе се реализира попладне, а избраните учесници ќе бидат дополнително известени за точните термини.

ЛИНК за пријавување: https://forms.gle/sTHRvzEFP1Hw8eZL7

Дарко Алексовски (р. 1989) е визуелен уметник кој живее и работи во Велес, Северна Македонија. Првата серија „Љубовни писма до осаменоста“ ја продуцираше како дел од неговиот магистерски проект на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 2018 година. Оригиналните писма првпат самостојно беа изложени во студиото на PrivatePrint (Скопје, 2019), а потоа и во рамки на 13. Биенале на млади уметници (Музеј на современата уметност, Скопје, 2021). Новите и ревидираните верзии од писмата, беа самостојно изложени во галеријата Простор (Сплит, 2023), и во рамки на групната изложба „Сè што ни е заедничко“ (Музеј на современа уметност, Скопје, 2023).

Посебна благодарност до КСП Центар-Јадро за отстапениот простор, техничка и логистичка поддршка за одржување на работилницата.
Soundgate е програма за културна размена и взаемна љубопитност помеѓу уметничките сцени од неколку градови на Балканот, и е курирана од Лумпен Стејшн Радио. Програмата е реализирана со поддршка на Ville de Bienne, SüdKulturFonds, Landis & Gyr Stiftung, FSRC и SWISSPERFORM.



Between two pages gently

Workshop on writing and reading love letters with Darko Alexovski

6-8 February 6 | 16.00-19.00 hours

“Between Two Pages Gently” is a participatory art workshop for writing and reading love letters. The workshop is conceived as an experimental continuation of the “Love Letters of Loneliness” series, and is divided into two parts. The first part is a session for writing letters that the participants can dedicate to specific people, places they love, or themselves. The second part is a session for reading and recording the letters in audio format.

The workshop on writing and reading love letters was developed by Darko Aleksovski as a continuation of his participation in the Soundgate program on Radio Lumpen Station (Switzerland). In a work inspired by his Love Letters to Solitude, actress Delphine Ayrton reads three of the series of love letters, her voice floating through different soundscapes and leitmotifs. You can listen to the recording of this work at the following link: https://lumpenstation.art/archive/show/soundgatesoundworksda.

The result of this workshop will be an audio recording composed of all the letters read, which will be published and presented on Lumpen Station Radio. A reminder to anyone interested in registering that the workshop includes a reading session that will be recorded.

Darko Aleksovski (b. 1989) is a visual artist who lives and works in Veles, North Macedonia. He produced the first series “Love letters to loneliness” as part of his master’s project at the Faculty of Fine Arts in Skopje, in 2018. The original letters were first exhibited independently in the PrivatePrint Studio (Skopje, 2019), and then as part of the 13th Biennale of Young Artists (Museum of Contemporary Art, Skopje, 2021). The new and revised versions of the letters were independently exhibited in the Prostor gallery (Split, 2023), and within the group exhibition “All That We Have in Common” (Museum of Contemporary Art, Skopje, 2023).

Soundgate is a program of cultural exchange and mutual curiosity between the art scenes of several cities in the Balkans, and is curated by Lumpen Station Radio. The program is realized with the support of Ville de Bienne, SüdKulturFonds, Landis & Gyr Stiftung, FSRC and SWISSPERFORM.

 

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-02-06 @ 16:00 to
2024-02-08 @ 19:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends