Skip to main content

Градски импресии | Самостојна изложба на акварели на Елизабета Костова

Registrations have closed.
Градски импресии | Самостојна изложба на акварели на Елизабета Костова

Градски импресии | Самостојна изложба на акварели на Елизабета Костова

by
797 797 people viewed this event.

Градски импресии 

Самостојна изложба на акварели на Елизабета Костова

8 февруари (четврток) | 20.00 часот

 

Елизабета целиот свој работен век го поминала и работела како психолог. Но таа отсекогаш била голем вљубеник во уметноста, а особено во сликарството. Таа во себе носи и голем креативен потенцијал, кој избива и е видлив, на почетокот со изработката на различни предмети од применетата уметност. Но нејзината љубов кон сликарството сепак преовладува и нејзината уметничка дарба и креативност доаѓа до полн израз кога решава да почне да слика акварел. Aкварелот е нејзината понатамошна преопукација и уметнички израз.

Акварелот е една од најстарите сликарски техники. Со техниката акварел сликите се прозирни, се гледа подлогата на која се насликани. Белите полиња од подлогата кои се појавуваат меѓу боите секогаш даваат впечаток на прозирност. Со оваа техника сликале меѓу другите и многу од познатите импресионисти.

Акварелот како сликарска техника со големата палета на бои Елизабета успешно го применува. Боите на нејзините акварели нежно преминуваат од една во друга боја од сина во виолетова, црвена, од зелена во сина, жолта. Со четките и боите слика се што ја опкружува, градини, цвеќиња, мртва природа, ликови на девојки, пејсажи, птици. На оваа изложба насловена „Градски импресии“ таа ни се преставува со триесетина акварели насликани последните две години, кои што преставуваат нејзини импресии и впечатоци од градовите во кои престојувала, ги посетила или живеела. Голема инспирација и се старите македонски градови или делови од нив. Тесни улички, ниски куќи на приземје и кат, тесно збиени една до друга и со надвиснати еркери над улиците. Оџаци од кои се извива сивиот дим. Насликани се со прекрасни палети од бои, сина, зелена, лилава, жолта… црвени кровови и секако пространото сино небо над нив, кое се гледа и од уличките. И овде белите полиња на подлогата помеѓу топлите бои даваат посебна светлина. Од овие акварели зрачи и светлина и радост.

Можеби оваа тема која ја слика Елизабета преставува носталгија за старите делови од градовите како што ги паметиме, а во едно од тие маала Елизабета го поминала детството и младоста, Дебар Маало во Скопје. Можеби ова е и жал и носталгија за старите градски маала кои полека исчезнуваат и ги заменуваат модерни делови од градот со висококатници, асфалтирани улици, многу возила, темни и мрачни, сонцето одвај допира до улицата. А небото и не се гледа од улицата. Овие акварели се и носталгија за минатото кое одминува, а доаѓа сегашноста и иднината, некое ново време со друга слика на градовите.

 

Натка Ќосева, дипл.инж.арх.

 


Акварелните решенија на Елизабета Костова претставуваат витални и флуидни репрезентации кои осцилираат помеѓу реалното и фантастичното. Во нив се остварува прониклив дијалог меѓу виденото и споменот од чија интеракција произлегува специфичниот колорит осветлен од меморијата. Низ оваа прошетка во урбаната средина формирана од колоритни фрагменти си спомнуваме за периоди од нашето животно патешествие. Тоа се впечатоци кои не водат низ енигмата на сеќавањата, нивната веродостојност, одржливост и променливост предизвикани од временските интервали на субјективното поимање. Но, во подемот на вештачката интелигенција и наметливата информатичката презаситеност до кој степен опстанува памтењето за светот како лично искуство? Дали тоа сè почесто се истиснува и заменува со видувањата на колективната свест создадена на социјалните мрежи? Напорот кој го прави Елизабета е да ја зачува сликата на едно секојдневие кое додека се виртуализира сè помалку ни припаѓа лично и ги губи контурите на нешто допирливо и човечно.

 

Васко Ѓоргиев, легален застапник на ДЛУБ

Февруари 2024


Eлизабета Костова е родена 1953 година во Скопје. Основно и средно образование завршила во Скопје. Дипломирала на Филозофскиот Факултет во Љубљана, отсек психологија. Реализирала повеќе самостојни изложби во Дом на АРМ, Скопје (1989 и 1991 г.), Галерија на ДЛУМ, Скопје (2002 г.), во Домот на култура Иван Мазов – Климе, Кавадарци (2020 г.), како и во Галерија КО-РА, Скопје (2019, 2020 и 2023 г.) Исто така учествувала на и на повеќе групни изложби.



City impressions 

Solo exhibition of watercolors by Elizabeta Kostova

February 8 (Thursday) | 20.00

Elizabeta spent her entire working life as a psychologist. But she has always been an art lover, and especially loves painting. In herself she carries a great creative potential, which emerges and is visible, at the beginning with the making of various subjects of applied art. But, her love for painting still prevails and her artistic talent and creativity came to full expression when she started painting watercolors. Watercolor became her further artistic preoccupation and expression.

Watercolor is one of the oldest painting techniques. With the watercolor technique, the pictures are transparent, you can see the surface on which they are painted. The white fields of the paper that are appearing between colors always give the impression of transparency. Many artists used this technique, particularly the famous impressionists. 

Watercolor as a painting technique with a large palette of colors is successfully applied in Elizabeta’s artworks. The colors of her watercolors gently transition from one to another, from blue to purple, red, from green to blue, yellow. With brushes and colors, she paints everything that surrounds her: gardens, flowers, still lifes, figures of girls, landscapes, birds. The exhibition titled “City Impressions” consists of thirty watercolors paintings created in the last two years, which represent her impressions and feelings of the cities in which she stayed, visited or lived. Great inspiration are the old Macedonian cities or parts of them. Narrow streets, low houses on the ground floor and floor, closely packed together and with overhanging bay windows over the streets. Chimneys from which the gray smoke billows. They are painted with beautiful palettes of colors, blue, green, purple, yellow… red roofs and of course the vast blue sky above, which can also be seen from the streets. Here, too, the white fields on the base between the warm colors give a special light. Light and joy radiate from these watercolors.

Perhaps this subject painted by Elizabeta represents nostalgia for the old parts of the cities as we remember them, and Elizabeta spent her childhood in one of those neighborhoods – Debar Maalo in Skopje. Perhaps this is both sadness and nostalgia for the old towns, people, neighborhoods that are slowly disappearing and replaced by modern parts of the city with high-rise buildings, paved streets, many vehicles, dark and gloomy, the sun barely reaching the street. And the sky is not visible from the street. These watercolors are nostalgia for the past that is passing and the present is coming, a new time with a different image of cities.

Natka Koseva, B.Sc.Arch.


The watercolors of Elizabeta Kostova represent vital and fluid representations that oscillate between the real and the fantastic. In them, a perceptive dialogue is realized between what is seen and the memory, and from this interaction, specific colors illuminated by the memory emerge. Through this walk in the urban environment formed by colorful fragments, we reminisce about periods of our life’s journey. These are impressions that guide us through the enigma of memories, their reliability, sustainability, and variability caused by the time intervals of subjective perception. But in the rise of artificial intelligence and intrusive information overload, to what extent does the memory of the world survive as a personal experience? Is it increasingly being pushed out and replaced by the visions of collective consciousness created on social networks? The effort made by Elizabeta is to preserve the image of an everyday life which, as it becomes virtualized, belongs less and less to us personally and loses the contours of something tangible and human.

Vasko Gjorgiev, legal representative of DLUB


Elizabeta Kostova was born in 1953 in Skopje. She finished Primary and Secondary education in Skopje. She graduated from the Faculty of Philosophy in Ljubljana, department of  psychology. She realized several solo exhibitions at the Home of ARM, Skopje (1989 and 1991), the Gallery of DLUM, Skopje (2002), the House of Culture Ivan Mazov – Klime, Kavadarci (2020), as well as the KO-RA Gallery, Skopje (2019, 2020 and 2023). She also participated in several group exhibitions.

 

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-02-08 @ 20:00 to
2024-02-08 @ 21:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends