
snapshots | Изложба на фотографии на Иво Дамјановски
„snapshots“, е прва изложба на фотографии на филм и прослава на преминување 5 години зад објективот на Иво Дамјановски.
Секоја фотографија е доказ за наоѓање убавина во неочекуваното и тивките приказни кои траат во невиденото. Позајмувајќи го описот на Зарковски за истоименото фотографско движење, „snapshots“ е мој обид „не да го реформирам [секојдневниот] живот, туку да го спознаам“, вели Иво.
„snapshots“ е покана за пауза, рефлексија и размислување за (не толку обичните) обични пејсажи, напуштените излози и останатите глетки што нé опкружуваат.
Изложбата се отвора на 8-ви март во 19ч и трае до 15-ти март, отворена во работни дениви, од 10 до 16 часот. Се гледаме!
Additional Details
Project Title -
Project -




