Lorem Ipsum | Изложба на Александра Најдовска
Lorem Ipsum
Изложба на Александра Најдовска
10 мај (петок) | 20.00 часот
Изложбата „Лорем Ипсум“ на Најдовска го води гледачот низ прашања поврзани со структурата на човековото однесување и постоење. Како искуство водено низ три области, изложбата ги поставува прашањата: за што се бориме?, која е нашата цел? и која e нашата цена? Посетителите ќе бидат поттикнати да го искусат концептот на solution journalism и да ги промислат комплексните релации помеѓу конзумеризмот, капитализмот и општествените структури.
– Стефан Божиновски, историчар на уметност и куратор на изложбата
Александра Најдовска е родена во Сиднеј, Австралија, а по потекло е од Демир Хисар, РС Македонија. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во нејзината пракса се застапена разнообразност на вештини од различни области на визуелната уметност, што претставува нејзин обид да ги надмине конвенционалните граници на работа во медиумите. Досега соработувала со Дојче Веле [Deutsche Welle], Македонското Еколошко Друштво, компанијата за кукли „РОЗА“, и била дел од проектот Балкански Бустер, каде што со своите дела ги истакнала социо-политичките проблеми во Балканскиот регион.
Lorem Ipsum
Solo exhibition by Aleksandra Najdovska
10 May (Friday) | 20.00 h
Najdovska’s “Lorem Ipsum” exhibition guides the viewer through questions related to the structure of human behavior and existence. As an experience guided through three domains, the exhibition asks the questions: what are we fighting for?, what is our goal? and, what is our price? The exhibition visitors will be encouraged to experience the concept of solution journalism and consider the complex relationships between consumerism, capitalism and social structures.
– Stefan Bozinovski, art historian and curator of the exhibition
Aleksandra Najdovska was born in Sydney, Australia, and is originally from Demir Hisar, Republic of North Macedonia. She graduated from the Faculty of Fine Arts at the University “Ss. Cyril and Methodius” in Skopje. Her practice is represented through a diversity of skills from different fields of visual art, going beyond conventional boundaries of different mediums. So far, she has collaborated with Deutsche Welle, the Macedonian Environmental Society, the “ROZA” doll company, and was part of the Balkan Booster project, where she highlighted the socio-political problems of the Balkan region with her works.
Additional Details
Project Title -
Project -