Skip to main content

Преосмислување на урбаните простори: проект за јавни тоалети во Скопје

Registrations have closed.
Преосмислување на урбаните простори: проект за јавни тоалети во Скопје

Преосмислување на урбаните простори: проект за јавни тоалети во Скопје

by
1582 1582 people viewed this event.

Преосмислување на урбаните простори: проект за јавни тоалети во Скопје

Изложба од партиципативниот проект на Озбек Ајваз
31 мај (петок) | 20.00 часот

Ве покануваме на отворањето на изложбата на скулптури создадени во склоп на партиципативниот проект „Преосмислување на урбаните простори: проект за јавни тоалети во Скопје“ на уметникот Озбек Ајваз.

На изложбата ќе може да ги погледнете скулптурите што беа поставени на повеќе јавни локации во Скопје придружени со документација од целиот процес на реализираните акции.

Скулптурите се создадени со цел да се подигне свеста и да се информираат граѓаните за секојдневната опасност од патогените бактерии кои се појавуваат во места каде што не постојат јавни тоалети.

Недостигот од пристап на основни хигиенски услови ги изложува луѓето на ризик од контакт со различни патогени бактерии кои можат сериозно да му наштетат на човековото здравје. Недостигот на пристап до чиста вода, хигиенски средства и други санитарни хигиенски услови може да го зголеми ширењето на бактерии како клебсиела и протеус мирабилис да резултира со зголемен број на здравствени проблеми во заедницата.

За подобра заштита, есенцијално е да се обезбедат пристојни јавни тоалети, особено на јавни места како паркови, улици и трговски центри. Проширувањето на пристапот до хигиенски услови не само што го подобрува здравствениот статус на заедницата, туку и спречува ширење на заболувања и компромитирање на квалитетот на јавното здравје

Овој проект се реализира од месец јануари до мај во рамки на програмата Артс Хаб, на КСП Центар- Јадро, а се остварува со финансика поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

 

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-05-31 @ 20:00 to
2024-05-31 @ 22:00
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends