
Изложба „Пет години КСП Центар – Јадро“
Изложба „Пет години КСП Центар – Јадро“
отворена од 1.10 до 5.10 (петок – сабота)
10.00 до 16.00 часот
„Пет години КСП Центар – Јадро“ е изложба која го претставува Центарот како приказна која се создава колективно.
Веќе 5 години под заедничката замисла „Културата како јавно добро“ во КСП „Центар – Јадро“ се запознаваат, активно дејствуваат и се инспирираат уметниците, културните работници, локалната заедница и публиката.
Тргнувајќи со муралот на фасадата кој традиционално се исликува и менува секоја година, па движејќи се низ сите уметнички дисциплини со својата интердисциплинарна програма и бројните едукативни работилници, во срцето на Центарот секогаш биле и ќе бидат едукативните и уметничките програми наменети за сите. Преку средбите помеѓу уметниците и граѓаните во рамките на бројните содржини што беа реализирани, сметаме дека не само што направивме храбар обид да ги поврземе овие две групи преку уметноста, туку сметаме дека создаваме простор каде што уметноста се обликува според потребите на колективот.
Additional Details
Project Title -
Project -




