
Инклузивна изложба „Избери уметност“
Инклузивна изложба „Избери уметност“
Флагелум, здружение за едукација, еднакви можности, лобирање и застапување на лицата со посебни потреби
15 октомври (вторник) | 19.00 часот
Флагелум, во период од месец мај до октомври го реализира проектот „Избери уметност“, каде во своите проектни активности вклучува инклузивна сликарска школа. Целна група се деца со типичен и атипичен развој на возраст од 7 до 14 години и сликарската школа ја водеше уметникот Сашко Колевски. Сликарската школа има желба да прерасне во традиција и се одржува по втор пат преку промовирање на еден од начините за создавање на атмосфера и учество во креирањето на инклузивна културна политика на нашата заедница, во потрага по нови стратегии за инклузија и интеграција на различни маргинализирани групи деца и млади.
По завршување на сликарската школа, во КСП Центар-Јадро ќе се организира изложба на уметничките дела.
Изложбата ќе има хуманитарен карактер, каде преку аукција на уметничките дела на учесниците и од уметникот, ќе се обидеме да обезбедиме средства за реализација на Летен културен камп за учесниците во проектот.
Additional Details
Project Title -
Project -




