Skip to main content

„Гравитација во пауза“, првата самостојна изложба на фотографии на Жарко Чулиќ

Registrations have closed.
„Гравитација во пауза“, првата самостојна изложба на фотографии на Жарко Чулиќ

„Гравитација во пауза“, првата самостојна изложба на фотографии на Жарко Чулиќ

by
182 182 people viewed this event.

„Гравитација во пауза“, првата самостојна изложба на фотографии на Жарко Чулиќ

24 октомври (четврток) | 20.00 часот

Првата самостојна изложба на фотографии на Жарко Чулиќ гравитира околу проблемот на рамнотежата како естетски, егзистенцијален, социјален и политички принцип, и невидливите трансформации, кои нужно ја сместуваат рамнотежата како ранлив процес обременет со труд и креативност.

Тргнувајќи од историјата на рамнотежата како еден од основните принципи во уметноста, заедно со контрастот, ритамот и формата, Чулиќ ги разработува овие естетски принципи во медиумот на фотографијата, како претпоставка за „успешна„ фотографија. Посебен фокус во овој проект Чулиќ става на постигнување визуелна рамнотежа, како рефлексија на тензиите, комплексностите и напорите обоени со внимателност, креативност и цврста посветеност, а кои го карактеризираат наоѓањето рамнотежа и хармонија во човековиот и индивуалниот живот.

Креативноста низ периоди опаѓа и тие периоди на одмор и размислување се исто толку важни како и моментите на продуктивност. Охрабрувајќи се себеси да го прифати процесот на креативност и неговата процесуалност, временитост и незавривост, но и да ужива во него, Чулиќ го изместува опсесивното трагање по краен и завршен резултат. Со ослободување од перфекционизмот и прифаќање на несовршеностите, фотографиите на Чулиќ ни укажуваат дека можеме да се ослободиме од самонаметнатиот притисок и современиот норматив за прекумерни достигнувања (кои неизбежно резултираат со продукција на истрошени и прегорени субјекти), и да најдеме радост во самиот чин на создавање, во неочекуваната и случајна средба во очуденото секојдневие. Токму затоа, низ овие фотографии се обидува да ги реинтерпретира / реорганизира и разлабави предмети земени од секојдневниот простор и опкружување, и истите да ги преуреди во една нова скулптурална и фотографска композиција, и на тој начин, преку фотографијата, да ги ослободи од нивната изабена и хабитуирана функција и улогата, односно да ја ослободи можноста за пролиферација на поинакви значења, употреби, пракси и афективни инвестиции во предметите, а со тоа и на светот и ориентацијата кон истиот.

Делата се поигруваат со бојата, формата и текстурата. Специјално изработени за овој фотографски проект и за очудената перцепција на камерата, овие скулптури и позадини во бои кои се менуваат, стануваат форми создадени од предмети кои навидум лебдат во воздух и пркосат на гравитацијата. Фотографиите се одликуваат со структура на чувство и тон препознатлив како смиреност, но и со впечатлива едноставност и играње со пропорциите, силата и структурата

Текстот го пишува Славчо Димитров

Жарко Чулиќ, роден во Скопје 1985 година, се запишува на Архитектонскиот факултет во Скопје во 2004 година и започнува да се интересира за фотографијата, дизајнот и архитектурата во исто време. Со годините, фотографијата од хоби прераснува во професионален ангажман. Во Скопје ја завршува првата школа за аналогна фотографија и историја на фотографија, а подоцна во 2012 заминува во Белград каде е дел од школата за креативна фотографија под раководство на универзитетските професори и успешни фотографи, Саша Прерадович и Александар Келич. Во меѓувреме учествува на повеќе групни изложби, работи на неколку проекти со познати уметници од регионот. Во последните години конкретно се интересира за модната фотографија. Соработувал со повеќе магазини, дизајнери и модни куќи во Македонија и пошироко. Последните 9 години е дел од тимот на ПОРТРЕТ магазинот, каде работи како уредник на фотографија.

 

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-10-24 to
2024-10-31
 

Location

-
 

Event Category

Share With Friends