Registrations have closed.

ПРОМОЦИЈА НА УЧЕБНИК- “Граѓанска и политичка партиципација”
by
383 383 people viewed this event.
Учебникот “Граѓанска и политичка партиципација” од авторките Јасмина Трајкоска Наумоска, Јосипа Ризанкоска и авторот Гордан Георѓиев ќе биде промовиран во просториите на КСП Центар “Јадро” на 27 февруари 2025, во 17 часот.
Говорници на настанот ќе бидат:
– претставник од фондацијата Фридрих Еберт – Скопје,
– проф. д-р Ненад Марковиќ – промотор,
– проф. д-р Ана Чупеска – рецензентка,
– проф. д-р Анета Цекиќ – рецензентка,
– проф. д-р Јасмина Трајкоска Наумоска – авторка,
– д-р Јосипа Ризанкоска – авторка,
– д-р Гордан Георѓиев – автор.

Учебникот за граѓанска и политичка партиципација претставува новина во нашиот образовен процес. Се однесува на тема којашто е есенцијална за развој и одржливост на демократијата и преку која се споделуваат знаења и методи за поголемо граѓанско учество во процесите на одлучување на локално и централно ниво. Студентот е веќе свесен за улогата на технологијата во секојдневното живеење, политиката и сопствената можност да биде медиум и „активист од тросед“. Но, во овој учебник тој ќе осознае конкретни методи за негова вклученост во политичкиот процес и моќта што ја поседува како индивидуа за да ја менува политиката од која неминовно е дел. Сепак, практикувањето на методите за граѓанска и политичка партиципација не е можно без познавање на нивните механизми, како и поседувањето на критичка мисла од страна на граѓанинот. Овој учебник има амбиција да ја постигне таквата симбиоза.
Учебникот е поделен во седум глави:
ГЛАВА 1. Претставничка, делиберативна, партиципативна и асоцијативна демократија.
ГЛАВА 2. Политички процес. Креирање јавни политики.
ГЛАВА 3. Политичка култура, политичка социјализација и социјален капитал.
ГЛАВА 4. Граѓанско општество и актери на граѓанското општество.
ГЛАВА 5. Граѓанска и политичка партиципација.
ГЛАВА 6. Механизми за директна и партиципативна демократија.
ГЛАВА 7. Применети механизми за граѓанска и политичка партиципација на делиберативната демократија. Форми на минијавност

Additional Details
Project Title -
Project -