
„Крошна“ – Фестивал на приказни
„Крошна“ – Фестивал на приказни
1 ноември (петок) | 17.00 часот
Во периодот 1 до 3 ноември во рамките на фестивалот на приказни „Крошна“ во КСП Центар -Јадро се реализираа четири настани.
На 1 ноември (петок) во 17 часот се отвори самостојната изложба на илустраторката Наталија Лукомска а од 18 часот, шпанскиот дизајнер Хуанхо Олер одржи предавање на тема создавање содржини за деца на јавни површини со наслов „Игриви градови“.
На 2 ноември (сабота) од 18 часот се рализираше трибината „Каде се вкрстуваат нашите патишта“ со фокус на важноста на приказните. Трибината беше модерирана од авторката и уредничка Ника Гавровска а учесници беа Марија Папајани, Марчин Шчигелски, Хуанхо Олер и Бреда Вукмир Подбрежник.
На 3 ноември (недела) од 12 часот шпанскиот дизајнер Хуанхо Олер од креативното студио „Милимбо“ одржа детска работилница за израаботка на тродимензионални книги.
Additional Details
Project Title -
Project -




