Skip to main content

Работилница за актери под водство на Лучила Трапацо

Registrations have closed.
Работилница за актери под водство на Лучила Трапацо

Работилница за актери под водство на Лучила Трапацо

by
257 257 people viewed this event.

Работилница за актери под водство на Лучила Трапацо

27.11. (среда) I 17:00-20:30
28.11 (четврток) I 17:00-20:30
29.11 (петок) I 17:00-20:30
30.11 (сабота) I  17:00-20:30

Работилницата, водена од Лучила Трапацо, има за цел да им помогне на учесниците да се поврзат со нивниот скриен гласовен потенцијал и креативното јас. Преку водени психофизички визуелизации, игри, сензорни и емоционални вежби и гласовна и физичка импровизација, учесниците ќе научат да го слушнат сопствениот внатрешен глас.

Работилницата има за цел:

  • Да се зголеми свесноста и да се истражи физичката свест кај учесниците;
  • Да се надминат менталните и физичките блокади и да се развие слободна емоционална врска тело-глас.

Сесиите ќе се фокусираат на основните алатки со кои се гради експресивниот глас, како што се техниките на дишење и гестуарлна интерпретација на внатрешите звучни пејзажи. Едноставните вежби за истегнување ќе ја ослободат тензијата во лицето, грлото, стомачната област, рамената и долниот дел на грбот. Игривото истражување на просторот, телото и резонантните центри  ги прават овие сесии креативни и ослободувачки, додека вашата вокална експресивност ќе се прошири.

Лучила Трапацо

Родена во Касино во 1964 година. Живее меѓу Цирих и Њујорк. Студирала германска книжевност во Италија на Универзитетот „Ла Сапиенца“; подоцна стекнала магистратура во филм и видео на „Американскиот универзитет“ во Вашингтон, каде еден од нејзините кратки филмови добил награда. Студирала театар на „Ферсен Академијата“ во Рим, со Елизабет Кемп (Actor’s Studio) и со Џонатан Фокс (Playback Theatre), а уметност со Барбара Роуз.

Нејзините активности опфаќаат поезија (добитник на различни награди, публикации во меѓународни антологии и уметнички книги, како и настапи на фестивали), театар (предавање на работилници, режија, актерство), видео-инсталации и литературни критики. Во нејзините дела тежнее кон синтеза на различните уметнички јазици. Нејзините дела се прикажани на повеќе меѓународни изложби и фестивали. Со години работи со три културни здруженија во Италија (TiconZero, Каљари, експериментална електроакустика и дополнителни јазици; ARS Cultural Movement, Рим, визуелна уметност; Tracce nel vento, Палермо, литература и издаваштво).

 

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-11-27 to
2024-11-30
 

Location

-
 

Event Category

Share With Friends