Skip to main content

Во дијалог: македонски визуелни уметници – Разговор на Гоце Наневски со Ана Франговска, кураторка и историчарка на уметност

Registrations have closed.
Во дијалог: македонски визуелни уметници – Разговор на Гоце Наневски со Ана Франговска, кураторка и историчарка на уметност

Во дијалог: македонски визуелни уметници – Разговор на Гоце Наневски со Ана Франговска, кураторка и историчарка на уметност

by
225 225 people viewed this event.

Во дијалог: македонски визуелни уметници 
Разговор на Гоце Наневски со Ана Франговска, кураторка и историчарка на уметност

4 декември (среда) | 20.00 часот

 

Ја продолжуваме серија разговори со визуелни уметници од различни генерации, кои континуирано се присутни на локалната и меѓународната уметничка сцена, и за кои сметаме дека со своите дела, темите кои ги обработуваат, и авторскиот интегритет се релевантни до денес. Изборот на авторите и разговорите е реализиран и модериран од историчарката на уметност и кураторка, Ана Франговска.

Гоце Наневски (1974, Скопје). Предмет на неговите уметнички интереси вклучуваат широки интердисциплинарни истражувања во морфологијата на скулптурата, инсталацијата, објектот и скулптурата  во големи размери, кинетиката, звукот, амбиентот, фотографијата, перформансот и видео уметноста. Автор е и на колаборативни дела кои опфаќаат  разновидни искуства и сознанија од повеќе дисциплини, преплетувајќи ги уметничките проседеа со оние на политиката, социологијата, антропологијата, механиката, електрониката, звукот и перформансот.
Дипломирал ( 1996г.)  и магистрирал (2002г.) на отсекот скулптура на Факултетот за ликовни уметности, УКИМ во Скопје. Вработен е на ФЛУ Скопје како редовен професор на Катедрата за скулптура и трансмедиумски практики. Во интервалот 2012-2016 година ја извршувал функцијата Продекан за настава, а од 2023 година Продекан за финансии. Самостојни изложби: Сараево, Кавадарци, Прилеп, Скопје, Њујорк, Цетиње, Бања Лука, Венеција, (53. Венециско биенале, „Создавање светови“,  со проектот „Педесет или Педесет“), Никшиќ, Пловдив, Велес,Групни изложби: Кавадарци, Скопје, Кошице, Битола, Приштина, Торино, Лисабон, Сараево, Цетиње, Баку, Минхен, Загреб, Каиро, Њујорк, Брисел, Варна, Ксанти, Велес, Прилеп, Лос Анџелес, Калдас Да Раиња, Трст , Торес Ведраш, Констанца.

Во дијалог: македонски визуелни уметници се реализира со финансиска поддршка на Министерство за култура и туризам на РС Македонија.

 

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-12-04 to
2024-12-04
 

Location

-
 

Event Category

Share With Friends