Skip to main content

Групна изложба „Овој простор им припаѓа на сите“

Registrations have closed.
Групна изложба „Овој простор им припаѓа на сите“

Групна изложба „Овој простор им припаѓа на сите“

by
318 318 people viewed this event.

Групната изложба „Овој простор им припаѓа на сите“ се состои од дела на четворица уметници, припадници на помалите заедници. Тоа се млади автор/ки кои се уште немале шанса да изложуваат во репрезентативен и уникатен уметнички простор како КСП Центар-Јадро.

Културата на помалите заедници е еден од најранливите и најзапоставените делови на културниот екосистем во земјата. Со години, уметниците што ја негуваат уметноста и културата на помалите заедници, не добиваат доволно поддршка од надлежните министерства. Без соодветна поддршка, уметноста и културата на помалите заедници не може вистински да се развие. Тоа ја доведува во опасност не само различнота како еден од клучните столбови на современите културни политики препорачани од УНЕСКО, туку и мултикултуралноста како одлика и вредност на нашето општество. Со оваа изложба КСП Центар-Јадро и проектните партнери сакаат да им дадат шанса на овие млади но докажани уметници да се претстават посоодветно пред скопската публика.

Групната изложба „Овој простор им припаѓа на сите“ е дел од проектот „Интеркултурен хаб Скопје“ на ЗГ Есперанца Светски културен центар, Институтот за медиуми и аналитика и Центар Јадро Скопје. Поддржан е од програмата „Ваха 3: Усвојување на јавните простори преку уметноста и културата во солидарност“. Ваха е Иницијатива на Анадолу култур и Зуса, финансирана од Фондацијата Меркатор и Европската културна фондација“.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2025-06-27 to
2025-07-04
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends