Skip to main content

„Транспорт и жени“ – мултимедијална изложба за (не)безбедноста во јавниот превоз

Registrations have closed.
„Транспорт и жени“ – мултимедијална изложба за (не)безбедноста во јавниот превоз

„Транспорт и жени“ – мултимедијална изложба за (не)безбедноста во јавниот превоз

by
171 171 people viewed this event.

Какво е искуството на жените во јавниот превоз? Колку е безбедно, колку е неизвесно?

„Транспорт и жени“ е мултимедијална изложба на Верица Тенекеџиева, инспирирана од вистински сведоштва за вознемирување и несигурност во јавниот транспорт. Ова е документарно-уметнички проект што преку аудио записи и текстуални сведоштва преточени во уметност, го прикажува емоционалниот и психолошкиот товар што го носат жените секојдневно – само додека се обидуваат да стигнат од точка А до точка Б.

Изложбата е создадена врз реални сведоштва, собрани од жени низ Балканот и подалеку.
Преку користење на различни медиуми, уметничките дела имаат за цел да предизвикаат емпатија, да го зголемат знаењето за овој проблем, да ја подигнат свесноста за небезбедноста на жените во јавен транспорт и јавните простори воопшто, и да повикаат на промена.

Верица Тенекеџиева (1997) е дипломиран аниматор при НАТФИЗ „Крстјо Сарафов“ во Софија, Бугарија. Има работено како аниматор во компании во Бугарија (Уча.се)  и во Македонија (Светот на Биби). Претходно има работено на филмски и музички проекти, а моментално работи на сопствени и проекти по нарачка. Преку своите проекти, Верица дополонително си го развива интересот кон документаристика и екпериментирање со медиумите за филмско изразување.

Проектот е поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2025-05-05 to
2025-05-09
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends