
Работилница за млади со д-р Атанас Чупоски на 15. Филозофски Филмски Фестивал (ФФФ)
Оваа работилница е наменета за млади на возраст од 17 до 19 години кои се заинтересирани за филмската уметност и естетиката на филмскиот јазик.
Цел на работилницата:
Учесниците ќе се запознаат со основите на филмскиот јазик и со начините на толкување на филмската приказна. Како и сите други уметности, и филмот има свој јазик и специфични алатки за анализа. Работилницата ќе им помогне на младите филмофили да ја разберат естетиката на филмот и да научат како да ја читаат и интерпретираат филмската приказна.
Структура на работилницата:
Работилницата е поделена во две сесии:
10 мај (сабота), 15:00 – 18:00
СРЕДБА СО ФИЛМСКА ПРИКАЗНА: проекција на филм
ЕСТЕТИКА НА ФИЛМСКА ПРИКАЗНА: анализа на филмот
17 мај (сабота), 15:00 – 17:00
ЧИТАЊЕ НА ФИЛМСКА ПРИКАЗНА: пишување и анализа на критички есеи
Работилницата ќе се одржи во КСП Центар – Јадро / SCS Centar – Jadro.
Како да се пријавите:
Бројот на учесници е ограничен на 12.
Пријавете се најдоцна до 6 мај (вторник) преку овој линк:
https://forms.gle/
На 8 мај (четврток) ќе добиете повратен мејл со потврда за учество и дополнителни информации.
#philosophicalfilmfestival #филозофскифилмскифестивал
Additional Details
Project Title -
Project -




