
OFF Програма на 15. Филозофски филмски фестивал: Работилница за екпериментални видео форми инспирирана од Мeриам Тафакори
Динамична и инклузивна работилница за експериментален филм со реномираната уметница Мериам Тафакори. Преку видео вовед од самата Тафакори, учесниците ќе добијат увид во нејзиниот креативен процес и уметнички пристап. Работилницата ќе вклучи извадоци од нејзините филмови како дидактички материјал, следејќи кино-форум формат што поттикнува критичка дискусија за подвижните слики. Потоа, учесниците ќе имаат можност да развијат сопствени мали проекти со подвижни слики, експериментирајќи со нови наративни техники. Бесплатна и отворена за сите, оваа работилница е ретка можност да се запознаат иновативните филмски практики и да се биде инспириран од една од најуникатните гласови во современата кинематографија. Работилницата е поддржана од British Council.
Мериам ТАФАКОРИ (1987, Иран) е уметничка и режисерка чии текстуални и филмски колажи ги испреплетуваат поезијата, документарниот и архивскиот материјал. Таа живее во Лондон и Шираз. Темите како поезија, политика, религија и егзистенцијални истражувања се главна инспирација за нејзината работа. Филмовите и инсталациите на Тафакори се прикажани и изложени на десетици европски филмски фестивали.
Additional Details
Project Title -
Project -




