
ПРОМОЦИЈА На книга за деца „ДНЕВНА СРЕДЕ ШУМА“

На книга за деца „ДНЕВНА СРЕДЕ ШУМА“
Автор: Виолета А. Наумовска
Промотор: Велко Неделковски
9 септември (вторник) | 11.00 часот
Промоцијата на книгата „ДНЕВНА СРЕДЕ ШУМА“ е своевидно заокружување на Едицијата „Шумски приказни“ од авторката Виолета А. Наумовска.
Главната порака: ПРИРОДАТА Е НАШИОТ ЗАЕДНИЧКИ ДОМ, провејува низ целата приказна исткајана од интересни случки кои упатуваат на градење заедништво низ Одговорност и Доверба, како и взаемно почитување на сите за кои Природата е заеднички дом. Книгата содржи и интерактивен дел кој го поттикнува љубопитството за раскажување и правилно изразување кај децата.
Виолета А. Наумовска, родена е во Скопје каде и денес живее. Нејзината професионална кариера е поврзана со континуирана работа во образованието низ неколку кариерни позиции: професор во средно образование; универзитетски професор; директор и раководител во јавни образовни институции.
Авторот Виолета А. Наумовска во своето богато творештво за деца до тинејџерска возраст, има објавено 17 наслови, во неколку едиции и тоа: ОБЛАЧИЊА; ШУМСКИ ПРИКАЗНИ; ЧУДЕСНИ ПРИКАЗНИ како и романот за деца и млади ОГНЕ И ВРЕМЕ ЗА ЖЕЛБИ.
Additional Details
Project Title -
Project -