Skip to main content

Човек во размер – (ре)откривање на јавен простор – Изложба на на Максим Наумовски и Иван Ивановски

Registrations have closed.
Човек во размер – (ре)откривање на јавен простор – Изложба на на Максим Наумовски и Иван Ивановски

Човек во размер – (ре)откривање на јавен простор – Изложба на на Максим Наумовски и Иван Ивановски

by
204 204 people viewed this event.

15 октомври (среда) | 20:00 часот

Урбаниот развој на Скопје мора да произлегува од сопствениот дух и топографија спротивно на брзото и некритичко прифаќање на униформни урбанистички решенија што ја бришат локалната меморија и човечката мера. Скопје треба да се развива како акт на „допишување“ – внимателно читање и надградување на постојното, каде секоја интервенција произлегува од контекстот и слоевите на градот. Наместо планерска апстракција, чувствителност, на архитектура што одговара на размерот на човекот, на улицата и на јавниот простор како сцена на секојдневниот живот.

Во ова заедничко истражување помеѓу архитектурата и визуелната уметност, градот не се третира како фиксна композиција на форми, туку како жива површина – кревок и слоевит терен обликуван од меморија, пракса и имагинација.

Максим Наумовски, е докторанд на Архитектонскиот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје. Дипломирал 2009 година на Архитектонскиот факултет во Скопје при УКИМ. Од 2010 година работи како лаборант а потоа и како асистент по група предмети од областа на проектирањето на Факултетот за архитектура и дизајн при УАКС Скопје. Од 2014 до 2016 година работи како соработник во наставата на Техничкиот универзитет во Виена, Архитектонски факултет, Институтот за урбан развој и пејзажна архитектура и дизајн. Од 2015-2017 година работи како надворешен соработник во архитектонското студио Bosshard & Luchsinger Architekten AG, во Виена, Австрија.  Во 2022 го основа архитектонското студио k87a.xyz со кое работи на бројни архитектонски проекти.

Иван Ивановски (1983) дипломира вајарство на ФЛУ – Скопје (2008), а во 2014 ја завршува Академијата за филмска режија на Ф.А.М.У. во Чешка. Во моментов е на постдипломски културолошки студии. Има реализирано 26 самостојни изложби (Скопје, Белград, Њујорк, Берлин, Љубљана…) и бројни групни настапи (Нотингем, Рим, Амстердам…). Работи скулптура, цртеж, инсталација, сликарство, видео, филм и анимација. Автор е на скулптурите „Луѓе-птици“ во Градскиот парк – Скопје и добитник на наградата „Денес“ (2014).

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2025-10-15 to
2025-10-23
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends