
Октомвриски Музички Поход 2025
Здружение КУЛТИ-ВАТОР во соработка со КСП Центар – Јадро
24 октомври (петок) | 19:00 часот
Влез слободен!
На овој октомвриски музички поход настапуваат: Калико, Димиш, Раста Грл, Чарли и Анчи Саунд Ст.
Калико е млад македонски инди/рок бенд кој зад себе веќе има 10ина синглови и десетици концерти во Скопје и низ Републикава. Леон, Горазд, Ана и Аце ќе нѝ претстават и дел од новиот материјал на 24.10.
Димиш е млад артист но веќе со добро набиено искуство и на повеќе музички проекти (Димиш, Ред18 и трибјут проекти). Свири сѐ што може да се отсвири од инструменти во еден бенд (бас,тапани, гитара и вокал) а со материјалот веќе се докажува низ годините и на сцената. Зад себе има неколку EP-ja и албуми со разни проекти. Kако Димиш ќе го чуеме на 24.10 а ќе чуеме и нешто ново од неговиот опус. Стилски се движи низ звуците на бендови од Хускер Ду преку Дајнасор ЏР па до Соник Јут и слични гараж-инди-панк посластици.
Раста Грл е реге/ска/даб диџеј која е присутна повеќе од 2 декади на сцената. За издвојување е нејзиниот настап на Ексит пред 15-ина години кога отвори за легендарниот Макс Ромео.
Чарли е присутен на сцената како диџеј 30 и повеќе години. Диџејскиот репертоар се движи од рок преку фанк до ворлд мјузик
Анчи Саунд Ст. e ретро систем кој практикува ретро oсумдести звуци низ годините.
Настанот е поддржан од Министерството за култура и туризам на РСМ.
Additional Details
Project Title -
Project -