Skip to main content

ПЛАЦЕБО – Самостојна изложба на Иван Аџиевски

Registrations have closed.
ПЛАЦЕБО – Самостојна изложба на Иван Аџиевски

ПЛАЦЕБО – Самостојна изложба на Иван Аџиевски

by
150 150 people viewed this event.

12 ноември (среда) | 19:30 часот

Изложбата може да се посети до 20 ноември, секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот

Во среда, 12 ноември 2025 година, во 19:30 часот во КСП Центар – Јадро ќе се отвори изложбата „Плацебо“ на Иван Аџиевски. На својата шеста самостојна изложба авторот претставува слики изработени од алтернативни медиуми на платно, со апстрактни форми и минимален медитативен наратив. Целта е преку визуелното искуство да се поттикне „плацебо ефект“ – ослободување од секојдневниот стрес и внесување во друга, поумeрена димензија. Изложбата е поддржана од Општина Центар – Скопје.

Во свет на дигитална преоптовареност и постојана информациска бучава, авторот се навраќа на темата за потсвеста и нејзиното влијание врз реалноста преку медитација, визуелизација и позитивни афирмации. Сликите ја истражуваат можноста нематеријалното да влијае врз материјалното, повикувајќи на внатрешен мир и духовна трансформација.

Иван Аџиевски (1985, Скопје) е визуелен уметник кој од 2018 година реализира шест самостојни изложби. Во своите дела истражува теми поврзани со женскиот лик, општествените системи и духовноста, користејќи комбинирани техники и алтернативни медиуми.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2025-11-12 to
2025-11-20
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends