Skip to main content

Камедонија | Самостојна изложба на Илија Стефановски

Registrations have closed.
Камедонија | Самостојна изложба на Илија Стефановски

Камедонија | Самостојна изложба на Илија Стефановски

by
228 228 people viewed this event.

15 декември (понеделник) | 19:00 часот
Изложбата може да се посети до 19 декември, секој работен ден од 10.00 до 15.00 часот

Изложбата „Камедонија“ претставува поетичен дијалог меѓу природата и уметничката интерпретација. Преку внимателно собрани камчиња од бреговите на Охридското Езеро и нивно поставување врз авторски фотографски пејзажи, изложбата го истражува односот меѓу материјалното и имагинарното. Камчињата, со своите форми и природни траги, се претвораат во минијатурни светови кои ја продолжуваат приказната на езерото – неговата светлина, неговото движење и тивките трансформации што времето ги остава зад себе.

Автор на изложбата е Илија Стефановски (Скопје, 1950), кој по долга кариера во техничките науки се враќа кон својата младешка љубов – уметноста. „Камедонија“ е неговата прва самостојна изложба, која нè повикува на забавување, набљудување и повторно поврзување со едноставната, но длабока убавина на Охридското Езеро.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2025-12-15 to
2025-12-19
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends