Skip to main content

Скопје Куп 2026 | Макетарско биенале во организација на Макетарскиот Клуб Мајор Михајло Ивановски – Микс

Registrations have closed.
Скопје Куп 2026 | Макетарско биенале во организација на Макетарскиот Клуб Мајор Михајло Ивановски – Микс

Скопје Куп 2026 | Макетарско биенале во организација на Макетарскиот Клуб Мајор Михајло Ивановски – Микс

by
232 232 people viewed this event.

27 февруари (петок) I 20:00 часот 
Изложбата може да се посети до 1 март

Македонски Скопје Куп 2026 е макетарско биенале кое се одржува во организација на Макетарскиот Клуб Мајор Михајло Ивановски – Микс од Скопје а има за цел промовирање и подигање свест за техничка култура,воена историја како и  макетарското хоби како една целина која ги опфаќа горенаведените дисциплини.

Свеченото отварање ќе се одржи во петок (27 февруари) со почеток во 20 часот. Сабота (28 февруари) е предвиден за излагање на изработените макети од нашите клубски членови така и на гостите кои ги очекуваме кои доаѓаат од соседните држави. Сатница на настанот е од 10:00 до 20:00. Недела (1 март) ќе биде одржан и натпревар на кој ќе се оценат сите пријавени макети по основ квалитет на изработка и историска тачност. 10:00 до 16:00

Самиот настан се организира по 8ми пат и секој пат е проследен со огромен одизив од млади лица кои се и целната група на нашиот клуб све со цел да го подигнеме нивот на техничката култура кај младите и да го рашириме ова племенито хоби.Влезот е слободен за сите заинтересирани и ги покануваме сите што ги интересира ова хоби,воена историја,минијатуризам како и тие кои не слушнале до сега дека постои нешто слично во Македонија да дојдат да не посетат и да видат за што се работи.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2026-02-27 to
2026-03-01
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends