
Фрагменти од НАС | Изложба на лумен принтови на Кети Талевска Бакревска
9 јули (четврток) | 20.00 часот
Изложбата „Фрагменти од НАС“ е интимно визуелно истражување на жената како
слоевито суштество — тело, мисла и дух — изразено преку јазикот на лумен принтот, процес што ја користи светлината на сонцето како ко-автор.
Овде му дозволуваме на моментот да се случи, да се впие, да остави трага.
Просторот е поделен на три столба на постоењето, претставени преку три женски силуети, сите создадени исклучиво со лумен техника
Кети Талевска Бакревска (Битола) е фотографка која работи со алтернативни фотографски процеси како лумен принтови, цијанотипија, класична аналогна фотографија и камера обскура. Нејзините дела се инспирирани од природата, светлината и трагите што тие ги оставаат на хартија. Зад себе има две самостојни изложби и учество во повеќе регионални и европски проекти.
Additional Details
Project Title -
Project -




