Skip to main content

Центарски Улици 4 | Групната изложба на студентите по ликовна уметност од АУЕ ФОН

Registrations have closed.
Центарски Улици 4 | Групната изложба на студентите по ликовна уметност од АУЕ ФОН

Центарски Улици 4 | Групната изложба на студентите по ликовна уметност од АУЕ ФОН

by
111 111 people viewed this event.

3 септември (четврток) | 19 часот 

Групната изложба „Центарски Улици 4“ претставува изложба на студентите по ликовна уметност од АУЕ ФОН, инспирирана од атмосферата, луѓето и уметничката енергија создадена за време на целодневниот настан „Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста“, одржан на 15 април 2026 година на улица „Македонија“ во Скопје.

Изложените слики се создадени во живо, како непосреден уметнички одговор на случувањата на улицата, каде што уметноста ги поврза граѓаните, студентите и уличните уметници во заедничка прослава на Светскиот ден на уметноста. Делата ја доловуваат динамиката на јавниот простор и ја претвораат улицата во место на креативност, дијалог и слободен израз.

Настанот „Центарски улици – Светски ден на уметноста“ е дел од Годишната програма за култура на Општина Центар, а е реализиран од Тим Театрос К.

Ве покануваме да ја посетите изложбата и да ги откриете уметничките визии на младите автори, кои преку своите дела го овековечија духот на еден ден посветен на уметноста, градот и неговите улици.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2026-09-03 to
2026-09-09
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends