Skip to main content

Да се мисли со материјата: Четири лекции од водата и земјата

Registrations have closed.
Да се мисли со материјата: Четири лекции од водата и земјата

Да се мисли со материјата: Четири лекции од водата и земјата

by
150 150 people viewed this event.

Групна изложба курирана од Јованка Попова со фокус на уметничко-истражувачките практики на Валбона Фејза, Христина Крстеска, Ивана Самандова и Викторија Попоска, во организација на „Проектен простор Прес ту егзит“

10 септември (четврток) | 19:00 часот | изложбата ќе биде отворена до 14 септември

Изложбата ги обединува практиките на четири млади уметнички чии истражувачки и општествено ангажирани практики ги преиспитуваат односите со материјалите, местата и екосистемите со кои го делиме светот. Во фокусот на нивното истражување се односот спрема материјата и природата и сложената мрежа на меѓузависности што нè поврзува со повеќе-од-човечките светови од кои и самите зависиме. Пресушеното речно корито ја носи историјата на инфраструктурата што ја пренасочила водата; карпата ја носи геолошката историја на пределот, но и трагите на екстракцијата; текстилот ги поврзува материјалот и техниката со невидливиот труд и наследувањето; отпадот продолжува да сведочи за системот на производство и потрошувачка и откако предметот ја изгубил својата првична функција. Оттука, четирите „лекции“ означуваат различни начини на приближување кон материјалниот свет и препознавање на знаењата што произлегуваат од и во односот со него.

Изложбата е дел од програмата на „Училиште за грижливи иднини во Скопје“ (10-12 септември), во организација на Пректниот простор Прес ту Егзит, а реализирана во партнерство со <ротор> Центарот за современа уметност од Грац, Фондација 17 од Приштина, Контекст колектив од Белград, и локални партнери. Настанот ја иницира првата фаза од повеќегодишниот проект „Семиња на солидарноста – Уметнички практики и екофеминистички сојузи за грижлива иднина.“

Проект е инициран од Сојузното министерство за европски и меѓународни прашања на Австрија и Одделот за култура на покраината Штаерска, кој придонесува со својата мрежа St.A.i.R. (Styria Artists-in-Residence), нудејќи програми за уметнички резиденции и во балканскиот регион и во Штаерска. Изложбата е поддржан и од Амабасадата на Австрија во РС Македонија.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2026-09-10 to
2026-09-14
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends