Skip to main content

Земјиште | Филмска проекција

Registrations have closed.
Земјиште | Филмска проекција

Земјиште | Филмска проекција

by
166 166 people viewed this event.

25 септември (петок) | 20 часот

Партиципативниот уметнички филм „Земјиште“, произлегува како резултат на неколкумесечниот интердисциплинарен процес со интергенерациски колектив од Битола и регионот, во рамки на проектот „Предочени различности“. Процесот беше замислен како простор за развивање колективно авторство, во кој учесниците беа поставени како активни соавтори и носители на сопствените наративи, придонесувајќи кон развојот и обликувањето на самото дело.

Филмот се бави со едно наследено, исцрпено парче земја, што ја носи тивката меморија на пет жени кои со години се враќаат за да копаат, да јадат и да си заминат, повторувајќи ритуал што одамна ја загубил смислата, но не и формата. Рутината се урива кога една од нив го продава својот дел од имотот, верувајќи дека се ослободува, а всушност тивко го поместува темелот врз кој стои нивното заедништво.

Филмот ќе ја има скопската премиера во КСП Центар Јадро на 25 септември со почеток од 20 часот, по што ќе следи кино форум заедно со учесниците и промоција на публикацијата што произлегува како рефлексија на истражувачкиот процес и создавањето.

Играат:
Јасна Весиќ
Татјана Јовановска
Христина Србиноска
Софија Кутлешовска
Ана Тамбура

Асистенти на сет:
Андреа Гроздановска
Михаил Спасевски

Режија и монтажа: Ивана Мирчевска
Сценарио: Калија Киселички
Камера: Исток Чаповски
Aнимација: Ивана Мирчевска
Дизајнер на звук: Марко Рикалоски
Продуцент: Дино Чупевски

Проектот „Предочени различности“ е поддржан во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.

Проектот е поддржан и од Министерството за култура и туризам на Македонија.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2026-09-25 to
2026-09-25
 

Location

-
 

Event Category

Share With Friends