Skip to main content

Згужвана Меморија | Самостојна изложба на Иван Аџиевски

Registrations have closed.
Згужвана Меморија | Самостојна изложба на Иван Аџиевски

Згужвана Меморија | Самостојна изложба на Иван Аџиевски

by
133 133 people viewed this event.

05 октомври (понеделник) | 19:30 часот
Изложбата ќе биде отворена до 15 октомври

„Згужвана Меморија“ е уметнички проект кој ја истражува меморијата како динамичен и слоевит процес, подложен на трансформации под влијание на времето, емоцијата и личното искуство. Проектот вклучува серија слики изработени во техника масло на платно, како и уметничка инсталација, преку кои се проблематизира природата на сеќавањето и неговата променлива форма.

Визуелниот јазик се темели на апстрактни структури што асоцираат на згужвана површина, како метафора за меморијата — нешто што не исчезнува, туку се преклопува, деформира и повторно се артикулира. Наместо наративна репрезентација, делата нудат тактилно и визуелно искуство во кое формата, текстурата и материјалноста се примарни носители на значење.

Колористичките решенија, од пригушени монохроматски тонови до изразени контрасти, функционираат како емотивни и психолошки маркери, отворајќи простор за индивидуална интерпретација и интроспекција. Уметничката инсталација го проширува концептот на „згужваност“ од дводимензионалната слика во просторно искуство, вклучувајќи го посетителот во самиот чин на перцепција каде гледачот има можност да впише свое лично искуство (меморија) а по желба и истото да го згужва. На тој начин, меморијата се појавува како релациски феномен — нешто што се активира преку присуство, движење и интеракција со просторот и делото.
Проектот ја третира меморијата како активен, жив процес, при што несовршеноста и деформацијата се разбираат како суштински дел од нејзината природа во рамките на современата уметничка практика.

Иван Аџиевски (Скопје, 1985) дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2009 година. Со сликарство активно се занимава од 2018 година, кога ја реализира својата прва самостојна изложба „Beauty Spot“.

Оттогаш има реализирано седум самостојни изложби, меѓу кои „Beauty Spot II“ (2022) во КСП „Центар-Јадро“, мултимедијалната изложба „Форми на системот“ (2023), „Beauty Spot III“ (2025) и „Плацебо“. Во своето творештво користи различни сликарски и мултимедијални техники, истражувајќи ги темите на женскиот лик и акт, апстракцијата, општествените проблеми и личното искуство.

Неговата најнова изложба „Згужвана Меморија“ ја истражува меморијата како динамичен и слоевит процес, преку серија слики во техника масло на платно и скулпторска инсталација. Делата ја преиспитуваат природата на сеќавањето, неговата променливост и трансформација под влијание на времето, емоциите и личното искуство.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2026-10-05 to
2026-10-15
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends