Skip to main content

Презентација на проектот „Лета, лета Локубија“ на уметницата Елена Чемерска

Registrations have closed.

Презентација на проектот „Лета, лета Локубија“ на уметницата Елена Чемерска

by
354 354 people viewed this event.

Почитувани, серијата на презентации, во рамките на новиот проект Arts Hub, ја завршуваме со презентацијата на проектот „Лета лета Локубија“ на Елена Чемерска.

Преку оваа серијата од 6 презентаци и разговори, домашните уметници и автори кои во контекст на програмата КСП Центар Јадро во изминативе 2 години беа поддржани да реализираат свои проекти на партиципативна/социјално ангажирана уметност (Кристина Божурска, Културно Ехо, Елена Чемерска, Ивана Мирчевска, Симона Манчева, Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски) ги претставуваат своите веќе реализирани проекти и ги споделуваат искуствата и научените лекции од праксата во специфичниот локален контекст.

Проследени со прашања и одговори, овие презентации и разговори, меѓу другото, ги пренесуваат искуствата и ќе помогнат во освестување на битните аспекти поврзани со подготовката и реализацијата на проекти и акции базирани на социјално ангажираната уметност.
———————————————-
„Лета лета Локубија“ претставува продолжување на долгогодишните активности во рамките на интердисциплинарниот документарен уметнички проект во организација на визуелната уметница Елена Чемерска кој има за цел физичка и значенска ревитализација на Споменикот на слободата во Кочани и неговата утописка програма.

Повеќе за проектот на следниов линк 👉https://www.facebook.com/profile.php?id=100082443266675

Во рамки на овој проект, беше реализирана дводневна работилница во период од еден месец за изработка на летала од рециклирани материјали од градската депонија во Кочани врз основа на цртежи на децата учесници во работлницата, инспирирани од мозаичните фризови на Споменикот на слободата.
Поттикната од приказните на членови на различни генерации од локалната заедница врзани со неформалната традиција на летање на змејови на Споменикот на слободата, а имајќи ја во предвид неговата географска позиција во однос на градот, оваа работилница беше наменета за сите деца кои живеат во подрачјето на ридот Локубија, Кочани и пошироко на возраст од 6-12 години љубопитни за летањето, летачките објекти и нивното создавање.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2023-03-03 @ 20:00 to
2023-03-03 @ 21:30
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends