Skip to main content

Детско ликовно студио | Автор и ментор – Доротеј Нешовски

Детско ликовно студио | Автор и ментор – Доротеј Нешовски

by
1195 1195 people viewed this event.

Детско ликовно студио

Автор и ментор – Доротеј Нешовски

Детското ликовно студио е училиште за цртање, сликање и рекреација по утврдена програма, која овозможува постапно и темелно запознавање со тајните на цртачките и сликарските техники во креативна атмосфера.

Работилниците ќе се одвиваат во просторот на КСП Центар-Јадро преку примена на игра, социјални концепции, дизајн, размислување, идеја, креативна емпатија, решавање проблеми, создавање и печатење дела, проектирање уметнички дела и нивно перципирање, инспирирање, обработки и анализа, дискутирање со цел да се запознаат со уметноста и дизајнот, нејзините карактеристики и техниките, нивната употреба и откривање на традиционалните и современите техники на сликање и процеси на работа преку забавни и иновативни содржини. Часовите ги води дипломираниот уметник Доротеј Нешовски.

Детското ликовно студио е наменето за деца од 5 до 12 години, во повеќе групи, а пријавата е задолжителна на: [email protected].

Доротеј Нешовски (1989) е интердисциплинарен уметник кој се занимава со концептите за креативна спонтаност, ликовнa артикулација, социјална инклузија, педагогија и апстрахирање на релацијата галерија-публика-уметник чии интереси вклучуваат партиципативни активности, методологии на мапирањe и резонантност, вониституционално делување, истражувачки практики и детска едукација. Од 2012 година тој е еден од основачите и член на уметничката група „ЅЕЕ“ со која има реализирано повеќе проекти. Нешовски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсекот за вајарство со под насока сценографија (2012 г.). Неговата книга „Уметноста не е тоа што сакате“, издание на Priaveteprint од Скопје, излезе од печат во 2017. Живее и работи во Скопје. Од 2015 активно ги организираше и конципираше детските работилници во Детскиот креативен центар при МКЦ.


Children’s Art Studio
Author and mentor – Dorothej Neshovski

The Children’s Art Studio is a school for drawing, painting and recreation according to an established program, which enables gradual and thorough acquaintance with the secrets of drawing and painting techniques in a creative atmosphere.
The workshops will take place in the space of SCS Centar-Jadro through the methods of play, social concepts, design, thinking, ideas, creative empathy, problem solving, creating and printing works, projecting artworks and their perception, inspiration, processing and analysis, discussing in order to become familiar with art and design, its characteristics and techniques, their use and discovery of traditional and contemporary painting techniques and work processes through fun and innovative content. The classes are led by the visual artist Dorothej Neshovski.

The children’s art studio is intended for children from 5 to 12 years old, in several groups, and registration is mandatory at: [email protected].

Dorotej Neshovski (1989) is an interdisciplinary artist who deals with the concepts of creative spontaneity, artistic articulation, social inclusion, pedagogy and abstraction of the gallery-audience-artist relationship whose interests include participatory activities, mapping and resonance methodologies, non-institutional action, research practices. and children’s education. Since 2012, he is one of the founders and a member of the artistic group “SEE”, with which he has completed several projects. Neshovski graduated from the Faculty of Fine Arts in Skopje at the sculpture department with a minor in scenography (2012). His book “Art is not what you want”, published by Priaveteprint from Skopje, was published in 2017. He lives and works in Skopje. Since 2015, he has actively organized and conceptualized the children’s workshops at the Children’s Creative Center at MKC.

Additional Details

Project Title -

Project -

To register for this event email your details to tomislav@tomislavbalabanov.me

Register using webmail: Gmail / AOL / Yahoo / Outlook

 

Date And Time

2024-04-01 @ 18:00 to
2024-04-30 @ 19:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends