Skip to main content

Проекција на филмот „Екзитус“ и предавање за Крумов: Филозофија и литература против неолиберализмот Станимир Панајотов

Registrations have closed.
Проекција на филмот „Екзитус“ и предавање за Крумов: Филозофија и литература против неолиберализмот Станимир Панајотов

Проекција на филмот „Екзитус“ и предавање за Крумов: Филозофија и литература против неолиберализмот Станимир Панајотов

by
557 557 people viewed this event.

Проекција на филмот „Екзитус“ и предавање за Крумов: Филозофија и литература против неолиберализмот Станимир Панајотов

5 јули (петок) | 18.30 часот

Контрапункт во рамки на 9-тото издание на КРИК – фестивал на критичка култура насловено „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“, ве кани на проекција на филмот „Екзитус“ (1989) на Красимир Крумов, и предавањето на бугарскиот филозоф и теоретичар Станимир Панајотов. Проекцијата и предавањето ќе се одржат во Центар Јадро на 5 јули во 18:30 часот.

Во 1989 година, режисерот Красимир Крумов (1955-2015) го издал својот прв долгометражен филм „Екзитус“, адаптирајќи ја епоничната новела на Златомир Златанов како критика на застојот на доцното социјалистичко бугарско општество. Истата таа година перестројката ја променува земјата засекогаш, и иако без да биде запознаен со тоа, тој успешно ја прикажува филозофската и будистичка проза на Златанов, која влијаела на неговиот прв роман „Удавените“, објавен во 1989 година, одразувајќи естетски и идеолошки протест против задушливата атмосфера на пропаднатиот комунистички проект.

Предавањето на Станимир Панајотов ќе се фокусира и ќе ја претстави филозофската позадина на Златанов во „Егзитус“ и нејзината поставеност во истоимениот филм; иако накратко ќе представи како Крумов ги интегрира и литературата и филозофијата во неговото кино, и специфичното вооружување на источната филозофија за време на доцниот социјализам. Предавањето, исто така, ќе се фокусира на улогата на 1990-тите и раниот неолиберализам како и дефинирањето на подоцнежните филозофски дела на Крумов – неговата филозофска проза во „Непознати патишта“, том I и II (2002, 2004) и „Новиот конформизам“ (2015).

Станимир Панајотов е истражувач на Катедрата за теорија на книжевност, на Институтот за литература, при Бугарската академија на науките. Докторирал на компаративни родови студии на Централно-европскиот универзитет во Будимпешта, а исто така е и постдокторски соработник на Катедрата за логика, етика и естетика на Универзитетот во Софија, работејќи на неговиот проект Немополитика (2023-2026). Претходно, тој бил доцент по филозофија и културни студии (Тјумен, 2021-2023), постдокторски соработник во Центарот за напредни студии во Софија (Бугарија, 2020-2021), а предавал на различни курсеви по хуманистички науки во Будимпешта, Ерусалим и Софија.

* * *

КРИК – Фестивалот за критичка култура, финансиски е поддржан од Гете Институт, Министерството за култура на Република Северна Македонија и програмата Креативна Европа на Европската Комисија, финансирана од Европската Унија. Но гледиштата и мислењата што се изразени во неа се сепак само на авторот(ите) и не нужно ги одразуваат оние на Европската Унија или на Европската агенција за образование и (EACEA). Ниту Европската Унија ниту доделувачот на грантот не можат да се сметаат за одговорни за нив. Како и Agenzia Italiana per la Cooperazione allo Sviluppo (AICS), Tirana во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), проект финансиран од Европската Унија кој има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

 

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-07-05 @ 18:30 to
2024-07-05 @ 21:00
 

Location

-
 

Event Category

Share With Friends