Skip to main content

КРИК | монодрама

Registrations have closed.

КРИК | монодрама

by
707 707 people viewed this event.

Режија: Енџи Николоска

Продукција: Авангарт

Времетраење: 1 час

23 ноември 2023 (четврток) | 20.00 часот

 

Во последните 30 дена на ,,Гугл”  имало 1 958 795 преберувања за: ,,Како да силувам без никој да дознае…”

Потиснати од општеството и навикнати сѐ да прикриваме, приказните завршуваат со несреќен крај и стануваме дел од насилно општество. Монодрамата „Крик“ е претстава за сите недоискажани вистини, за недорасчистените случаи и за недовербата на релација систем-жртва, жртва-систем, за оние кои врескаат во себе, за гласот и ставот на сите засегнати страни. Ова е игра, претстава, за еден процес. Внатрешен. За милион процеси. За една траума. Милион трауми, за состојби со кои секоја втора личност се бори. Таа личност може да биде секој од нас. За сето она за кое нашето општество никогаш нема да проговори ниту збор. Или можеби ќе проговори, но кога? Ова е претстава за сексуално вознемирување и насилство.

„Крик“ е авторски проект, претстава која е дел од независната сцена, а беше селектирана и на Фестивалот за монодрама во Битола, Фестивалот за монодрама во Сараево и Нови Сад. Во 2021 година, „Крик“ се создаде како дипломска претстава на Енџи Николоска на Факултетот за Драмски Уметности – Скопје, по текстови, архивски материјали и вистинити приказни, а под менторство на ред. проф. д-р Сузана Киранџиска и вон. проф. м-р Кристина Леловац. Авторка и актерка во претставата е Енџи Николоска. Продукцијата на монодрамата е на Авангарт, а времетраењето е еден час.

 


 

SCREAM | monodrama

Directed by Endzi Nikoloska

Produced by Avangart

Duration: 1 hour

23 November 2023 (Thursday) | 20.00h

 

In the last 30 days on Google, there were 1,958,795 searches for: “How to rape without anyone finding out…”

 

Suppressed by society and used to hiding everything, the stories end with an unhappy ending and we become part of a violent society. The monodrama “Scream” is a representation of all the unspoken truths, of the unsolved cases and of the mistrust of the system-victim, victim-system relationship, of those who scream within themselves, of the voice and attitude of all stakeholders. This is a game, a play, about a process. Internal. For a million processes. About a trauma. A million traumas, for conditions that every second person struggles with. That person can be any of us. About all that our society will never say a word about. Or maybe he will speak, but when? This is a play about sexual harassment and violence.

 

“Scream” is an author’s project, a theater play that is part of the independent scene, and was selected at the Monodrama Festival in Bitola, the Monodrama Festival in Sarajevo and Novi Sad. In 2021, “Scream” was created as a graduation play by Angie Nikoloska at the Faculty of Dramatic Arts – Skopje, based on texts, archival materials and true stories, and under the mentorship of Dr. prof. Dr. Susana Kirandziska and others. prof. Christina Lelovac, MSc. The author and actress in the play is Angie Nikoloska. The production of the monodrama is by Avangart, and the duration is one hour.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2023-11-23 @ 20:00 to
2023-11-23 @ 21:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends