Skip to main content

Љубов во топка | Промоција на книга на Ана Јовковска

Registrations have closed.

Љубов во топка | Промоција на книга на Ана Јовковска

by
1260 1260 people viewed this event.

Љубов во топка

Промоција на книга на Ана Јовковска
11 април (четврток) | 19.00 часот

„Љубов во топка“ е интерактивна илустрирана книга за деца на авторката Ана Јовковска, која го обработува проблемот на врсничкото насилство (булинг) како еден од најгорчливите проблеми на денешното општество. Приказна за пријателството и емпатијата, што го анализира широкиот спектар на емоции кај децата. Книга за кревкото детско срце, за гласот што треба да го пронајдеме, за храброста да кажеме како се чувствуваме и можноста секое дете да биде херој или хероина.

Чувствата што доминираат во нарацијата и илустрацијата се тага, осаменост, нарушена самодоверба, но и верба, храброст, љубов и надеж. Покрај главната наративна нишка во книгата е опфатена и темата за различноста односно маргинализирањето на поинаквите деца. Иако приказната не бега од тагата како емоција, таа дава решение како да се канализираат емоциите и да се пронајде сопствениот глас. Завршува оптимистички, со надеж дека љубовта и добрината го носат новиот детски свет.

Оваа топла емотивна приказна на Јовковска е надополнета со прекрасните илустрации на Иванка НиБа. Промотор на книгата е Владимир Мартиновски.

Ана Јовковска е научен истражувач, докторанд и магистер по културолошки студии, дипломирана новинарка, авторка, колумнистка, ТВ-уредничка и специјалист за односи со јавност. Авторка е на 7 книги, над 1.500 интервјуа, 250 текстови – колумни, есеи, книжевни и филмски критики и 20 научни трудови објавени во меѓународни научни списанија.

Дваесет и пет години континуирано работи во разни електронски и печатени медиуми, анализирајќи ги социо-културните феномени на денешнината. Авторка и продуцентка е на дебатната емисија „Пулс“.

Во 2013 година со група од десет ентузијаст(к)и го основа првиот Автономен културно-социјален центар во Скопје – АКСЦ, како слободна зона за независна уметност, култура, дебата и младински активизам. Од 2021 година Јовковска е вработена како научен истражувач во Институтот за македонска литература во Скопје при УКИМ.

Иванка НиБа е илустраторка, дизајнерка и сликарка со повеќе од 15 години работно искуство во графичкиот дизајн. Има илустрирано преку 30 книги за деца за домашен и странски пазар. Работи и видео продукција – кратки анимирани филмови и мултимедија за театарски претстави. Проект менаџер е на популарната едиција книги за деца „Едиција Светулка“. Како основач и раководител на издавачката куќа „Светулка“, продолжува со реализација на издавање квалитетна литература за деца од македонски автори и илустратори.


Love in a Ball
Promotion of the book by Ana Jovkovska
11 April (Thursday) | 7 p.m.

“Love in a ball” is an interactive illustrated book for children by the author Ana Jovkovska, which deals with the problem of peer violence (bullying) as one of the most bitter problems of today’s society. It is a story about friendship and empathy that explores the wide spectrum of emotions in children; a book about the fragile child’s heart, about the voice we need to find, about the courage to say how we feel and the possibility that every child can be a hero or heroine.

The feelings that dominate the narration and illustrations are sadness, loneliness, damaged self-esteem, but also faith, courage, love and hope. In addition to the main narrative thread, the book also covers the topic of diversity, that is, the marginalization of different children. Although the story does not shy away from sadness as an emotion, it does provide a solution to how to channel emotions and find one’s own voice. It ends optimistically, with the hope that love and kindness bring the new children’s world.

This warm emotional story by Jovkovska is complemented by Ivanka NiBa’s beautiful illustrations. The promoter of the book is Vladimir Martinovski.

Ana Jovkovska is a scientific researcher, doctoral candidate, and master in cultural studies, graduate journalist, author, columnist, TV editor, and public relations specialist. She is the author of 7 books, over 1,500 interviews, 250 texts – columns, essays, literary and film reviews and 20 scientific papers published in international scientific journals.

For twenty-five years, he has been working continuously in various electronic and print media, analyzing the socio-cultural phenomena of today. She is the author and producer of the debate show “Pulse”.

In 2013, with a group of ten enthusiasts, he founded the first Autonomous Cultural and Social Center in Skopje – AKSC, as a free zone for independent art, culture, debate and youth activism. Since 2021, Jovkovska has been employed as a scientific researcher at the Institute of Macedonian Literature in Skopje at UKIM.

Ivanka NiBa is an illustrator, designer, and painter with more than 15 years of experience in graphic design. He has illustrated over 30 children’s books for the domestic and foreign market. Works and video production – short animated films and multimedia for theatrical performances. He is the project manager of the popular edition of children’s books “Edition Svetulka”. As the founder and head of the publishing house “Svetulka”, she continues to publish quality literature for children by Macedonian authors and illustrators.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-04-11 @ 19:00 to
2024-04-11 @ 21:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends