Skip to main content

Мојот сон | Промоција на автобиографија на д-р Џемиле Берат

Registrations have closed.

Мојот сон | Промоција на автобиографија на д-р Џемиле Берат

by
1318 1318 people viewed this event.

Мојот сон

Промоција на автобиографија на д-р Џемиле Берат 
7 април (недела) | 12.00 часот

„Автобиографијата на д-р Џемиле Берат е важен придонес во нашата книжевност од повеќе причини. Најпрво, станува збор за дело напишано со едноставен, разбирлив јазик што лесно се чита и не ги остава читателите спокојни до самиот крај, предизвикувајќи кај нив ерупција од чувства. Книгата е автобиографија на првата Ромка од Македонија која заврши Медицински факултет и сиот свој работен век го помина дарувајќи здравје на луѓето со нагласена хуманост и грижлвост, подеднакво кон сите пациенти без разлика на полот, расата и социјалната положба, и тоа во услови и ситуации кога нејзиниот живот бил во опасност – загрозен од воени дејствија, како и од пандемијата, што однесоа многу животи. Оттука, ова дело е пример за посветеноста на поединецот во општеството за заедничко добро – врвен хуман принцип.

Меѓутоа, автобиграфија на Џемиле Берат е и уверлив и сугестивен показ и доказ дека со верба, љубов, надеж, посветеност и работливост може да се стаса до „ѕвездите“. Тој пат вообичаено е трнлив, исполнет со премрежја, разочарувања од суровата општествената стварност која е оптоварена со предрасуди од најразличен вид. Така е и во случајот со д-р Џемиле Берат, која својот животен пат во автобиографијата го изнесува длабоко искрено, уверливо, автентично и, пред сè емотивно, сакајќи да ги охрабри младите – пред сè младите Роми – дека и покрај сите реални тешкотии може да се стаса на „врвот“. Ad astra per aspera – „Преку трње до ѕвезди“ вели латинската крилатица што е мото што може да се извлече по читањето на автобиографијата на д-р Берат.“

Гоце Ристовски

Јас, Џемиле Берат, сум родена на 13 јуни 1957 година во Крива Паланка, во сиромашно ромско семејство со шест деца. Татко ми беше работник, а мајка ми домаќинка. Основно и средно образование (гимназија) завршив во родниот град со одличен успех како една од најдобрите ученици во генерацијата. Во 1976 година се запишав на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје и бев првата ромка и жена запишана на факултетот во Република Македонија, а и пошироко во тогашните југословенски простори. Моите најблиски со скепса, недоверба гледаа на мојата одлука; професорите од факултетот беа изненадени, но и воодушевени и ме поддржуваа за време на целите студии. Во остварувањето на својата желба да бидам докторка, особен удел има мојот брат Себо кој за цело време ме подржуваше, како морално, така и финансиски, како и стипендијата Титов Фонд која ја добиваа добри и редовни студенти. Дипломирав на Медицинскиот Факултет во 1982 година во редовен рок и со добар просек. Како стипендист веднаш бев запослена во Здравствениот Дом во Крива Паланка. После стапувањето во брак поради потребите на мажот ми кој беше воен доктор, се преселивме во Бјеловар, Република Хрватска, каде што работевме во Воената амбуланта. Во 1991 година, кога се распадна СФРЈ, како раселени лица се вративме во Македонија и почнав да работам во Воената болница. Заради потребите во болницата, во 1993 година почнав специјализација по психијатрија на Клиниката за психијатрија која ја завршив во 1997 година. Од тогаш, па сè до моето пензионирање пред три години, работев во Воената болница како специјалист-психијатар. Работата си ја сакав и работев со голема љубов, професионалнст, одговорност и преданост. На работното место ја почувствував стигматизацијата и како жена, но и како ромка. Пишувањето на оваа автобиографска книга ја чувствував како должност зашто сакав да биде мотивирачка за сиромашните, интелигентни млади луѓе, особено за мојата ромска нација, дека желбата, трудот и упорноста секогаш победуваат во остварувањето на својот сон како што ми помогнаа и мене. Го остварив својот сон, станав докторка и тоа прва докторка Ромка.

Издавањето на книгата „Мојот сон“ е поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија.


My Dream
Promotion of the autobiography by Dr. Dzemile Berat
7 April (Sunday) | 12.00 p.m.

 

“Dr. Dzemile Berat’s autobiography is important for our literature because of several reasons. First of all, it is a work written in a simple, understandable language that is easy to read and does not leave the readers at ease until the very end, causing them an eruption of feelings. The book is an autobiography of the first Romani woman from Macedonia who graduated from the Faculty of Medicine and spent her entire life dedicated to the people with emphasized humanity and care, equally towards all, regardless of gender, race and social status, even in conditions and situations when her own life was in danger – threatened by acts of war, as well as by the pandemic which took many lives. Hence, this work is an example of the dedication of an individual in the society for the common good – a supreme human principle.

Dr. Dzemile Berat’s autobiography is both a convincing and suggestive demonstration and proof that with faith, love, hope, dedication and work one can reach the “stars”. That road is usually bumpy, adverse, full of disappointments from the harsh social conditions that are burdened with prejudices of various kinds. This is also the case with Dr. Dzemile Berat, who describes her life path in this autobiography in a deeply honest, convincing, authentic and, above all, emotional way, wanting to encourage young people – especially the young Roma people – that despite all the difficulties, one can reach the “top”. Ad astra per aspera – Through thorns to the stars, as the Latin catchphrase goes, which is a motto that can be concluded after reading Dr. Berat’s book.”

Goce Ristovski

I, Dzemile Berat, was born on June 13, 1957 in Kriva Palanka in a poor Roma family with six children. My father was a worker, and my mother was a housewife. I finished my primary and secondary education (gymnasium) in my hometown with excellent success as one of the best students of my generation. In 1976, I enrolled at the Faculty of Medicine at UKIM in Skopje and was the first Roma and woman enrolled at the faculty in the Republic of Macedonia and beyond in the then Yugoslav territories. My loved ones looked at my decision with skepticism and distrust. The professors from the faculty were surprised, but also delighted and offered a great support during the entire studies. In the realization of my desire to be a doctor, my brother Sebo played a special role, who throughout the whole time supported me both morally and financially, as well as the Titov Fund scholarship, which was awarded to good and regular students. I graduated from the Faculty of Medicine in 1982 in the regular term and with a good average. As a scholarship holder, I was immediately employed at the Health Center in Kriva Palanka. After getting married, due to the needs of my husband who was a military doctor, we moved to Bjelovar, Republic of Croatia, where we worked in the Military Infirmary. In 1991, when Yugoslavia collapsed, we returned to Macedonia as displaced persons, and I started working in the Military Hospital. In 1993 I started my specialization in psychiatry at the Psychiatric Clinic, which I finished in 1997. From then, until my retirement 3 years ago, I worked in the Military Hospital as a specialist-psychiatrist. I loved my job, I worked with great love, professionalism, responsibility and dedication. At the workplace, I felt the stigmatization both as a woman, and as a Roma. I felt that writing this autobiographical book was a duty, because I wanted it to be motivating for poor intelligent young people, especially for my Roma nation, that desire, hard work, perseverance always win in realizing their dream as these also helped me. I made my dream a reality, I became a doctor and the first Roma doctor.

The publishing of the book is supported by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-04-07 @ 12:00 to
2024-04-07 @ 15:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends