Skip to main content

Поетиката на периодиката | Работилница за креативно пишување на „Дума ин Сума“

Поетиката на периодиката | Работилница за креативно пишување на „Дума ин Сума“

by
35 35 people viewed this event.

Поетиката на периодиката

Работилница за креативно пишување на „Дума ин Сума“
17 – 19 и 24 јуни

Весници, весници…

Распустот е добро време да се влезе во филм, а Дума ин Сума реши да влезе во оној на Александар Ѓурчинов…

Ова лето го одбележуваме со нурнување, не во солено море, туку во слатката поетика на библиотечната периодика.

Како ви звучи ова?

Преку „Поетиката на периодиката“, ќе истражуваме нефикционални книжевни форми и поинакви реалности – минати, подзаборавени, сегашни, но секогаш актуелни.

Колумни, интервјуа, репортажи, патописи, стрипови, вицови, Драга Таа…. Летните распусти секогаш нѐ прават помалку копнежливи по времињата кога пред трафика го чекавме новиот број од списанието што содржеше постер од омилената филмска ѕвезда, квизови, содржини на наредните епизоди од сериите, решенија за љубовните проблеми, но и информативни содржини.

На работилницата ќе каснеме и пораснеме од носталгичниот шарм на списанијата и весниците од кои ќе се инспирираме да креираме нови и нови и нови содржини за неистражените дигиталните хоризонти, а ќе научиме и нови вештини. Правилото на ова работилница е: „WordPress does not make me depressed“.

Ќе учиме КОЈ?, ШТО?, КОГА?, КАДЕ? и КАКО?, а најмногу ЗОШТО?… Но, фино е да се запамети – линијата меѓу фактот и фикција е потенка, но и поостра од хартијата на дневниот весник 😉

Летото асоцира на нови искуства и патешетвија, па на пријавените им ветуваме одблиску запознавање со поетиката на периодиката и посета на локална библиотека, каде ќе истражиме нови, скриени светови полни со ретки периодики, разгледници, ракописи, мапи, фотографии, картографии, каталози, ориентални ракописи, списанија за култура и уметност.

Како Дума ин сума веруваме во начелото дека знаењето е треба да е подеднакво достапно за сите, па пријавените на работилницата ќе добијат и своја годишна членска картичка во локална библиотека.

По многу читање, пишување и патување, работилницата ќе ја заокружиме со уредување на списание за млади и негова промоција.

Ќе биди супер, ве очекуваме <3


The Poetics of Periodicals

Duma in Suma creative writing workshop
17-19 and 24 June

Newspapers, newspapers…

The summer holidays Duma in Suma decided to enter Aleksandar Gjurchinov’s film…

Let’s celebrate this summer by diving, not in the salty sea, but in the sweet poetics of library periodicals.

Through “The Poetics of Periodicals”, we will explore non-fictional literary forms and different realities – past, forgotten, present, but always relevant.

Columns, interviews, reports, travelogs, comics, jokes,…. Summer vacations always make us nostalgic for the times when we waited in front of traffic for the new issue of the magazine with a poster of our favorite movie star, quizzes, solutions for love problems, but also informative content.

At the workshop, we will channel that nostalgic charm of magazines and newspapers, from which we will be inspired to create new and new and new content for the unexplored digital horizons, and we will also learn new skills. The rule of this workshop is: “WordPress does not make me depressed”.

We will learn WHO?, WHAT?, WHEN?, WHERE? and HOW?, and most of all WHY?… But it’s nice to remember – the line between fact and fiction is paper thin.

Summer is time for new experiences and travel, so we promise those registered a close acquaintance with the poetics of periodicals and a visit to a local library, where we will explore new, hidden worlds full of rare periodicals, postcards, manuscripts, maps, photographs, cartographies, catalogs, oriental manuscripts, magazines on culture and art.

As Duma in Suma, we believe in the principle that knowledge should be equally accessible to everyone, so those registered for the workshop will also receive their annual membership card in a local library.

After a lot of reading, writing and traveling, we will round off the workshop by editing a youth magazine and promoting it.

It will be great, we are waiting for you <3

Additional Details

Project Title -

Project -

To register for this event email your details to tomislav@tomislavbalabanov.me

Register using webmail: Gmail / AOL / Yahoo / Outlook

 

Date And Time

2024-06-17 @ 12:00 to
2024-06-24 @ 17:00
 

Location

 

Event Types

Share With Friends