Skip to main content

Интердисциплинарна работилница за движење, тело и глас со Искра Шукарова

Registrations have closed.

Интердисциплинарна работилница за движење, тело и глас со Искра Шукарова

by
1320 1320 people viewed this event.

Интердисциплинарна работилница за движење, тело и глас со Искра Шукарова

20 април (сабота)

На 20 април во КСП Центар-Јадро, Искра Шукарова (кореограф, изведувач и професор при ФМУ- катедра за балетска педагогија) ќе оддржи 3 ипол часовна работилница чиј фокус ќе биде интердисциплинарен пристап за движење, тело и глас.

Шукарова веќе подолг период како автор ја истражува релацијата тело-глас повикувајќи се на методите на танцовиот теоретичар Рудолф фон Лабан кој ги истражува просторот, динамиката и времето како битни компоненти на секое човечко движење. Во работилницата учесниците низ процесот ќе можат да дефинираат свои индивидуални движења, а потоа како екстензија на истите да најдат соодветен глас/звук кој ќе ги прати.

Целта на работилницата е секој учесник да се здобие со ново гледиште за сопственото тело. Работилницата е отворена за сите кои сакаат да се движат и не мора да имаат претходно танцова наобразба но да се спремни да се влучат во практичните вежби.

Проф. д-р Искра Шукарова е професионален балетски играч на Македонската Опера и Балет од 1991 година, каде има реализирано триесет солистички улоги како истакнат солист. Во 1993 специјализира на Conservatoire National de Supérier (Националниот конзерваториум) во Лион – Франција, отсек Современи танцови техники. Во 2002 се стекнува со магистерска титула по танцови студии на престижниот The City University – London – Laban Centre. Од 2002 до 2004 година ја извршува функцијата Уметнички директор на Балетот при МНТ. Таа е еден од основачите на програмата за современ танц во Локомотива – Центарот за Нови Иницијативи во Уметноста и Културата во Скопје. Содеец е во регионалната мрежа за современ танц Nomad Dance Academy. Шукарова има остварено богата кореографска кариера со над 30 дела поставени на регионалната и интернационалната сцена во Австрија, Англија, Бугарија, Србија, Словенија, Хрватска, Франција, Грција, Германија, Романија, САД, Италија, Ирска, Турција, Шпанија, Шведска итн. Добитник е на неколку меѓународни награди и член на жири на неколку еминентни танцови фестивали.

Од 2010 Искра Шукарова е професор на студиската програма на катедрата за балетска педагогија при ФМУ а од 2020 година таа е редовен професор на истата катедра. Во 2014 година Шукарова се здобива со докторски степен по театрологија при Факултетот за драмска уметност – УКИМ во Скопје.


Interdisciplinary workshop on movement, body and voice
with Iskra Shukarova | April 20 (Saturday)

On 20th of April at SCS Centar-Jadro, Iskra Shukarova (choreographer, performer and professor at Faculty of Music Arts – department of Ballet Pedagogy) will hold a 3 and a half hour workshop where the focus will be on an interdisciplinary approach to movement, body and voice.

Shukarova has been researching the body-voice relationship for a long time as an author, referring to the methods of the dance theorist Rudolf von Laban, who explores space, dynamics and time as essential components of every human movement. In the workshop, the participants will be able to define their own individual movements and then, as an extension of them, find a suitable voice/sound that will accompany them. The goal of the workshop is for each participant to gain a new point of view about their own body.

The workshop is open to everyone who wants to move and does not have to have previous dance training, but is willing to get involved in the practical exercises.

Prof. Dr. Iskra Shukarova is a professional ballet dancer of the Macedonian Opera and Ballet since 1991, where she has performed thirty soloist roles as a prominent soloist. In 1993 she specialized at the Conservatoire National de Supérier (National Conservatory) in Lyon – France, Department of Contemporary Dance Techniques. In 2002, she obtained a master’s degree in dance studies at the prestigious The City University – London – Laban Center. From 2002 to 2004, she held the position of Artistic Director of the Ballet at MNT. She is one of the founders of the contemporary dance program at Lokomotiva – the Center for New Initiatives in Art and Culture in Skopje. She is a member of the regional contemporary dance network Nomad Dance Academy. Sukarova has achieved a rich choreographic career with over 30 works staged on the regional and international stage in Austria, England, Bulgaria, Serbia, Slovenia, Croatia, France, Greece, Germany, Romania, USA, Italy, Ireland, Turkey, Spain, Sweden, etc. She is the winner of several international awards and a member of the jury of several eminent dance festivals.

Since 2010, Iskra Shukarova has been a professor of the study program of the department of ballet pedagogy at FMU, and since 2020 she is a full professor of the same department. In 2014, Sukarova obtained a doctorate in theater at the Faculty of Dramatic Arts – UKIM in Skopje.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-04-20 @ 12:00 to
2024-04-20 @ 16:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends