
Ритуалот во современото општество – имерзивен, мултидисциплинарен театар
Ритуалот во современото општество –
имерзивен, мултидисциплинарен театар
Во рамки на проектот “Сиот свет е сцена – имерзивен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици” на Здружението на уметници Културен центар Медиа Артес, ќе се одржи 10-дневна интензивна работилница за имерзивен театар.
Оваа работилница е втора фаза или продолжение на работилницата која се случи во КСП Центар-Јадро во март 2024.
„Ритуалот во современото општество“ е уникатен, имерзивен интердисциплинарен перформанс кој активно ќе ја вклучува публиката и ќе ја пренесе во контекст на природниот пејзаж. Користејќи ги изведувачките уметности и уметноста на звукот, перформансот (ќе) создава ритуален простор и ги предизвикува актуелните емоции и општеството додека ја истражува медитативната интроспекција. Перформансот, исто така, (ќе) го адресира конфликтот помеѓу ритуалноста и капиталистичката потрошувачка и конзумеризам и ги поврзува архетипските и вредностите на генерациите на нашите предци со современиот контекст.
Автори на проектот се: Алесандро Ола (композитор и sound-artist, професор по композиција, електронска музика и звучен пејзаж, изведувачки уметник од Барселона, Шпанија), Јелена Вуксановиќ (драматург, сценарист и театарски едукатор од Белград, Србија) и Јасмина Билаловиќ (актер и театарски едукатор), а соработници во неговата реализација ќе бидат Атила Антал (режисер) и д-р Вишња Жугиќ (архитект и интердисциплинарен уметник) од Нови Сад, Србија, како и 8 домашни уметници од различни дисциплини.
Работилницата се реализира со финансиска поддршка на Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија и Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Additional Details
Project Title -
Project -