Skip to main content

Семинар предводен од Гералд Рауниг

Registrations have closed.

Семинар предводен од Гералд Рауниг

by
75 75 people viewed this event.

Семинар предводен од Гералд Рауниг
КРИК – фестивал за критичка култура 
Ден 1 (05.07.2024) 15:00-18:00 : Фокус „Дивидуа“

Чест ни е да ве поканиме на дводневен семинар предводен од Гералд Рауниг, на 5-6 јули 2024 год, а кој е дел од КРИК – фестивал за критичка култура, како клучна програма на Контрапункт – организација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики.

Фокусирајќи се на најновите книги на Гералд Рауниг – Dividuum (2016) и Disassemblage (2022), кои ги сочинуваат двата тома на Машинскиот капитализам и молекуларната револуција, овој настан ги поканува филозофите, уметниците, активистите, кураторите и културните работници да ја истражуваат работата на Рауинг контекстуализирајќи ги неговите теориски филозофски тези во локалниот контекст. Избраните учесници ќе се вклучат во предсеминарска листа за читање и ќе треба да се запознаат со извадоци од двете книги (неодамна преведени на македонски од Жарко Трајаноски), како и фрагменти од други текстови централни за развивање на мисла на Гералд Рауниг. Учесниците ќе имаат можност директно да се вклучат во работата на авторот и да дадат, како и да добијат повратни информации за сопствените интереси кои се во фокус на нивната работа.

Гералд Рауниг, во рамки на семинарите, ќе понуди во дијалог одговори на оние прашања кои се поврзани со сите важни теориски, политички, филозофски и уметнички перспективи согласно интересите на учесниците, во рамки на поставените теми во книгите кои ќе бидат предмет на критичка расправа.

Гералд Рауниг е еден од водечките филозофи, кој става акцент на политичката филозофија и теоретичар на културата и уметноста. Работи во Zürcher Hochschule der Künste и во eipcp (Европски институт за прогресивни културни политики); член е на уредувачкиот одбор на повеќејазични издавачки платформи како transversal texts и списанието Kamion. Неговите книги се преведени на англиски, српски, шпански, словенечки, руски, италијански и турски. Tој е автор на „Уметност и револуција“, „Илјада машини” „Фабрики на знаење, индустрии на креативноста“, „Дивидуа“ и „Дисемблажа“.

Со креативна примена на идејата на Жил Делез и Феликс Гатари за желбените машини во поширокиот општествен еко-систем, Рауниг ја проширува постструктуралистичката теорија на револуцијата до експлозивната врска со уметноста и активизмот. Рауниг развива современа концепција за политичката промена – концепција што ги надминува застарените формулации на востание и отпор.

Оваа година Контрапункт ја имаше привилегијата да преведе во својата едиција Пунктум три книги од Гералд Рауниг: „Уметност и револуција“, во превод на Катерина Шекутовска, „Дивидуа“ и „Дисемблажа“ во превод на Жарко Трајаноски.


Seminar by Gerald Raunig
CRIC – festival for critical culture

Day 1 (05.07.2024) 15:00-18:00 : Focus on Dividuu

We are honored to invite you to a two-day seminar by Gerald Raunig, on July 5-6, 2024, part of CRIC – festival for critical culture, as a key program of Kontrapunkt – an organization for the development of critical theory, socio-cultural activism and contemporary cultural practices.

Focusing on Gerald Raunig’s latest books – Dividuum (2016) and Dissemblage (2022), comprising the two volumes of Machinic Capitalism and Molecular Revolution—this event invites scholars, artists, activists, curators, cultural workers, and anyone in between these fields, to explore the work of Rauing and contextualise his latest thought on local terrains. Selected participants will engage with a pre-seminar reading list and will need to read excerpts from both books (recently translated into Macedonian by Žarko Trajanoski) as well as fragments by other texts central for developing his thought. Participants will have the opportunity to engage directly with the author’s work and give, as well as receive feedback on their work.

Within the seminars, Gerald Raunig will offer dialogue regarding the questions which are related to all important theoretical, political, philosophical and artistic perspectives according to the interests of the participants, within the set topics presented in the books, subject of the announced critical discussion.

Gerald Raunig is one of the leading philosophers, emphasizing political philosophy, and a theorist of culture and art. Works at Zürcher Hochschule der Künste and at eipcp (European Institute for Progressive Cultural Policies); he is a member of the editorial board of multilingual publishing platforms such as transversal texts and Kamion magazine. His books have been translated into English, Serbian, Spanish, Slovenian, Russian, Italian and Turkish. He is the author of: “Art and Revolution: Transversal Activism in the Long Twentieth Century”,” A Thousand Machines”, “Factories of Knowledge, Industries of Creativity”, “Dividuum: Mechanic Capitalism and Molecular Revolution Vol.1”, and Dissemblage: Mechanic Capitalism and Molecular Revolution.

By creatively applying Gilles Deleuze and Felix Guattari’s idea of ​​the “machines of desire” to the wider social eco-system, Raunig extends the poststructuralist theory of revolution to the explosive relationship with art and activism. Raunig develops a contemporary conception of political change—a conception that transcends outdated formulations of insurrection and resistance.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-07-05 @ 15:00 to
2024-07-05 @ 18:00
 

Location

 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends