Skip to main content

АРТС ХАБ Работилница | Одржливи заедници / Sustainable communities Автор – Никола Узуновски

АРТС ХАБ Работилница | Одржливи заедници / Sustainable communities Автор – Никола Узуновски

by
1215 1215 people viewed this event.

АРТС ХАБ Работилница

Одржливи заедници / Sustainable communities
Автор – Никола Узуновски

Во рамки на програмата Артс Хаб, на КСП Центар Јадро, во април, продолжуваме со оржување на работилница за современа уметност која ги опфаќа темите на екологија, климатски промени и одржлив развој водена од уметникот Никола Узуновски.

Работилницата е наменета за студентите од факултетите за уметност, дизајн и архитектура, но е отворена за сите оние кои се заинтересирани да партиципираат. Работилницата e поделена на 3 дела, еден теоретски и два практични, (едниот од практичните ќе се одржи на Преспанското езеро)

Настаните ќе се одвиваат во просториите на КСП Центар Јадро, и на Преспанското езеро.

Никола Узуновски (Земун, Белград, 1979) е интердисциплинарен уметник и професор по дизајн и уметност. Предавал на Кралскиот технички универзитет во Стокхолм, Академијата за Дизајн во Талин,Вишиот институт за дизајн во Фиренца, Академија Италиана во Бангкок. Во 2005 година учествува на 51. Биенале во Венеција во проектот “Floating Sites“, а во 2007 ја освојува наградата „Млад европски уметник“. Почнува да работи на неговиот проект “My Sunshine“ на Trieste Contemporanea кој го продолжува и за време на престојот во Полинарија, Абруци во 2008 година. Понатаму го развива проектот за македонскиот павилјон на 53. Биенале во Венеција (2009). Од самостојните изложби се издвојуваат “Snow“ и “My Sunshine“ во галеријата „Федерико Лугер“ во Милано, додека од групните изложувања се издвојуваат “Greenwashing“ во Fondazione Sandretto Re Rebaudengo (Торино, Италија, 2008), “Green Platform“ во Fondazione Strozzi (Фиренца, Италија, 2009), “Spaceship Earth“ во Centre of Contemporary Art Znaki Czasu (Торун, Полска, 2011).

Повеќе информации за менторот на nikolauzunovski.studio

За повеќе информации, контакт: Никола Узуновски, е-маил [email protected] или на тел: 078505619


ARTS HUB Workshop
“Sustainable communities”
Author – Nikola Uzunovski

As part of the Arts Hub program, at SCS Centar Jadro, in the month of April, 2024, a contemporary art workshop covering the topics of ecology, climate change and sustainable development will be held, led by the artist Nikola Uzunovski.

The workshop is intended for students from the faculties of art, design and architecture, but is open to all those who are interested in participating. The workshop is divided into 3 parts, one theoretical and two practical, (one of the practical will be held on the Prespa Lake)

The events will take place in the premises of KSP Center Jadro, and on the Prespa lake.

Nikola Uzunovski (Zemun, Belgrade, 1979) is an interdisciplinary artist and professor of design and art. He taught at the Royal Technical University in Stockholm, the Academy of Design in Tallinn, the Higher Institute of Design in Florence, the Accademia Italiana in Bangkok. In 2005, he participated in the 51st Venice Biennale in the “Floating Sites” project, and in 2007 he won the “Young European Artist” award. He started working on his project “My Sunshine” at Trieste Contemporanea which he continued during his stay in Polinaria, Abruzzi in 2008. He further developed the project for the Macedonian pavilion at the 53rd Biennale in Venice (2009). From the solo exhibitions, “Snow” and “My Sunshine” at the “Federico Luger” gallery in Milan stand out, while from the group exhibitions, “Greenwashing” at the Fondazione Sandretto Re Rebaudengo (Torino, Italy, 2008), “Green Platform” at the Fondazione stand out. Strozzi (Florence, Italy, 2009), “Spaceship Earth” at Center of Contemporary Art Znaki Czasu (Torun, Poland, 2011).

More information about the mentor at nikolauzunovski.studio

For more information, contact: Nikola Uzunovski, email [email protected] or phone: 078505619

Additional Details

Project Title -

Project -

To register for this event email your details to tomislav@tomislavbalabanov.me

Register using webmail: Gmail / AOL / Yahoo / Outlook

 

Date And Time

2024-04-01 @ 19:00 to
2024-04-30 @ 22:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends