Главна цел на проектот е да се мотивираат уметниците кои што работат во различни уметнички дисциплини да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност како и тоа да се поттикнат, корестејќи го стекнатото искуство низ едукативниот процес, за да создадат свои партиципативни проекти преку кои ќе имаат импакт во заедницата и ќе делуваат во подигање на свеста за темите и проблемите во областа на животната средина, аниткорупцијата, човековите права и социјалната правда.
-Напуштање на класичните формати на продукција и презентација на уметнички проекти што подразбира активна работа со креативци од повеќе уметнички дисциплини, партиципативност, активно учество на граѓаните и публиката.
-Проактивност на заедницата во насока на отварање и решавање на проблеми и прашања на микро ниво.
Активностите на проектот “Места на дарежливост- трансформативни станици
(социјално ангажирани уметнички пракси како алатка за општествени промени)” се потпираат на досегашните позитивни искуства и практики на КСП Центар-Јадро и претставуваат низа на веќе проверени методи и пристапи кои овозможуваат вклучување на уметниците и граѓаните, нивно обединување околу заеднички проблематики што доведува до јакнење на воспоствените врски и креирање релевантни уметнички содржини кои со текот на времето служат како средство за подигнување на свеста, артикулација на нивните проблеми и вршење притисок кон институциите и надлежните кои треба да се активираат за решавање на детектираните проблеми.
Предавања и работилници на истакнати уметници кои што имаат долгогодишно искуство во практицирањето на социјално ангажираната уметност
Во првиот дел од проектот учесниците ќе имаат можност да се стекнат со развивање на нови вештини и знаења во областа на социјално ангажираната уметност кои што потоа би ги користеле за зголемување на своето влијание, мобилизација на јавностите/публиките и користење на новостекнатите вештини во своето делување со цел напуштање на традиционалните форми на уметничка продукција и нефункционални клишеа на комуникација со публиките, излегување од рамките на вообичаеното и отворање нови светогледи. Планирани се 3 предавања и 2 повеќедневни работилници со учество на 15 до 20 уметници.
Отворен конкурс за реализација на уметнички проекти
Во вториот дел од проектот ќе се овозможи на уметниците (поединци, уметнички колективи, формални и неформални групи и организации од областа на културата), активистите и активните граѓани од РС Македонија да се обединат и да приложат свои проекти кои се занимаваат со темите и проблемите во областа на животната средина, аниткорупција, човековите права и социјална правда.
По затварањето на конкурсот ќе се пристапи кон селекција на 4 проекти.
Продукција и презентација на уметнички проекти
Во третиот дел од проектот ќе се пристапи кон повеќемесечна фазна реализација на селектираните проекти и нивна презентација на пожироката јавност